логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

Здраво, драги пријатели! Јас сум Улјана Романенко и мило ми е што повторно ве поздравувам на мојот канал.
Денес одвај чекам да ви го претставам мојот нов проект посветен на... ВНИМАВАЈТЕ! .... на црковнословенскиот јазик за оние кои говорат шпански. Ова е пробен проект и ќе се обидам да го реализирам со помош на отец Рафаел, ректор на парохијата на  Православна Црква во Еквадор.

 3.angeli.so.truba

Ова воопшто не значи дека се откажувам од своите програми за црковно пеење. Воопшто не! Во моментов се подготвува за објавување програмата каде ќе зборуваме за песнопеењето „Трисвјатое“ (Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни помилуј нас) и неговото место во Божествената Литургија.
Во моментов ве поканувам да направите вистинска авантура со мене и да се обидете барем малку да ја откриете тајната на толку мистериозниот и неверојатно убав црковнословенски јазик.
Денес, на почетокот на нашата авантура, ќе разбереме:
- од каде потекнува црковнословенската азбука
- кој е нејзин автор и
- на крајот од програмата, ќе се обидам на шпански да го објаснам мистериозното значење на нашата црковнословенска азбука.

Затоа, заземете удобна положба, земете во раце парче хартија и пенкало, не заборавајте да ми ставите “лајк’’ и да се претплатите на мојот канал...
Почнуваме!


Црковнословенскиот јазик е најголемато наследство на нашиот словенски народ, што ни го пренесоа нашите предци.
Ова е јазикот на кој се извршуваат божествените служби во Руската Православна Црква. Овој јазик е исто така важен затоа што ги обединува словенските народи кои го исповедаат православието.
Благодарение на овој јазик Русите, на пример, наоѓајќи се во Србија, Македонија, Бугарија и обратно, жителите на овие држави, но и другите словенски земји, можат совршено да го разберат јазикот на богослужбата во Православната Црква.
Сигурно повеќето од вас слушнале дека црквенословенската азбука била создадена од светите  рамноапостоли Кирил и Методиј.
Всушност, историјата за создавањето на самата азбука е прилично долга и, како и секоја историја, има неколку верзии. Ние со вас ќе се задржиме на официјалната верзија.

3.angeli.so.truba
Црквенословенската историја започнува во 863 година, кога светите Кирил и Методиј преведоа од грчки јазик некои црквени книги: Евангелие, Апостолот, Псалтир и исто така литургиски текстови.
Во основата на овој древен јазик лежел родниот (мајчин) јазик на светите браќа - говор или дијалект на Словените од градот Солун, дијалект што припаѓал на јужно-македонската православна група, еден вид на македонска разновидност на словенски дијалекти.

3.angeli.so.truba

Во принцип, едноставно кажано, најпрво се роди т.н глаголица, која немаше пишана форма, а потоа од глаголицата се роди кирилицата, што претставува основа на нашето нагласување на црковнословенската азбука. Многумина велат дека старословенскиот јазик и црковнословенскиот јазик се скоро иста работа. Сепак, сакам да истакнам дека тоа не е сосема точно.
Факт е дека кога се роди кирилицата, Словените почнаа да ја користат не само за молитва, туку и во  секојдневниот живот.
И така, новородениот јазик е поделен на две гранки:  
-    оној што се користи во секојдневниот живот и
-    оној што се користи во светите литургиски текстови.
Мислам дека не вреди да се објасни зошто со текот на времето, составот на овие јазици почна да се разликува ..
Значи, црковнословенскиот јазик е нашето словесно (говорно) богатство, културен и духовен дар што го наследивме од нашите предци ..

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba
Дали знаете дека постои мислење дека светите браќа, создавајќи ја азбуката, ставиле во неа тајно значење, односно и’ дадоа на секоја буква не само звук, туку и посебно духовно значење, и згора на тоа, ни оставија нам својот род порака што може да се дешифрира, проучувајќи го значењето на секоја буква и читајќи ја  црковнословенската азбука со значење.
Истражувачите потенцираат неколку толкувања на оваа порака, но денес ќе ви покажам една, најразбирлива.
Најпрво да слушнеме како звучи црковнословенската азбука:
....

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba
А сега, погледнете, какво толкување ни нудат научниците, засновано врз значењето на секоја буква:
Јас ги знам буквите: писмото е наследство
Работете напорно, земјани и како што доликува на

разумни луѓе- Разберете го универзумот!
Користете го зборот убедено: Знаењето е дар од Бога!
Осмелете се, продлабочете
за да ја разберете Светлина на Вистинскиот Бог!
Продлабочете, за да ја разберете Светлината на Вистинскиот Бог “!!!!

Во принцип, ако се сетиме дека светите Кирил и Методиј ја создадоа азбуката првенствено со цел да ја користат за богослужба, тогаш сè станува сосема логично.

3.angeli.so.truba
Тоа е сè за денес! Ќе продолжиме следниот пат започнувајќи со првата буква. Претплатете се на мојот канал да не пропуштите нови програми! До следната средба!

 3.angeli.so.truba

За авторот:

ЗНАЕТЕ ЗА ШТО СУМ БЛАГОДАРНА НА ПАРАГВАЈ? Па, пред сè, се разбира, затоа што не ме избркаа од земјата, кога живеев нелегално скоро 2 години. Но, најважно, затоа што искуството од животот овде ми помогна да се отворам кон светот и да го прифатам каков што е. Јас веќе трет семестар им предавам на студенти им „го отварам умот“, но јас самата учам од нив и од другите жители на континентот. Тоа што ја слушам песната „Деспасито“ и зборовите „да ги провоцирам твоите стенкања“ не ме ужаснуваат. Повеќе не паѓам во несвест пред глетката на згодното мало црномуресто момче кое продава темен сок во мрачен јавен превоз. Ова не значи дека ми е сеедно. Но, постепено разбрав дека сите не можеш да ги спасиш и дека овие луѓе имаат свој свет и своја среќа, за што ние не можеме ни да претпоставиме. "Среќен пастиру! ... Ти не сонуваш за слава и не пишуваш свадбени химни. Ти знаеш само едни видови на маргаритки ..." (В. Иго "Катедралата Нотр Дам").
А што е со православните христијани во Парагвај? Ова е посебна историја. Тие не се како нашите православни христијани во Русија. Тие имаат своја посебна визија за многу работи, што може дури и да не` шокира на почетокот. Но, тие знаат како да му се радуваат на животот, вистински да се радуваат, благодарејќи Му притоа на Бога со чисто срце, и таа искреност со која тие пристапуваат на сè духовно ме натера да гледам на работите со сосема други очи! И ова помага да се разбере својата родна религија во друга димензија, да останете верни на неа и во исто време да пронајдете некои католици многу попобожни од самите себе .. Сите ние сме толку различни. Но, не залудно секоја недела на служба велиме „Судбините кои Ти Самиот ги знаеш ...“. Ова разбирање има одредена емоционална и ментална цена. Но, ВРЕДИ!
„Судбините кои Ти Самиот ги знаеш....“

 3.angeli.so.truba

 

  За Преминпортал подготви:

Снежана Корнет, Парагвај

19ти јануари 2021 лето Господово

 3.angeli.so.truba

 п.п.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7614
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная