„Повикани сме да бидеме сведоци на Христовото Воскресение“


Кога некогаш си размислувам за отец Гаврил, би рекол дека ништо не ни објаснуваше, а сите наши проблеми веднаш ги решаваше. Денес, ние, цела светоотечка психотерапија и духовен подвиг до најситни детали ги објаснуваме, ама како да изостанува крајниот позитивен ефект од сето тоа во обемот во кој го очекуваме.

Не верувајќи, човекот е играчка и во рацете на демоните и во рацете на сите поднебесни стихии и сили. Цврстата вера, пак, е нашата цврста котва, како што вели денешното апостолското четиво, со којашто опстојуваме во вистинската природа, во здравјето, во разумот, во благочестието, во просветеноста, во сето она со што Бог нè украсил, создавајќи нè според Својот образ.

И ние денеска, потсетувајќи се на овој историски настан, да се потрудиме во нашиот живот, преку нашите постапки и со правењето добродетели, да се подготвиме достоинствено да Го прославиме нашиот Спасител Господ Исус Христос. Ние ќе Го прославиме и величаме, ако се угледаме на безбројните Божји угодници.

Неслучајно Светите Отци предвиделе евангелскиот текст за Божјото откривање на луѓето да се чита на денот кога ја славиме победата на светата православна вера над сите ереси и лажни учења, а особено победата над иконоборната ерес. Зашто сите оние што хулеле на светите икони, во подлабока смисла го негирале Христовото воплотување и реалното Божјо присуство меѓу нас и во нас.

"Достојно и праведно е, Тебе да те воспеваме, да Те благословуваме, да Те фалиме, да Ти благодариме и да Ти се поклонуваме на секое место..."
Во ред е да Ти благодарам, да Те воспевам, но... Но што е со Крстот? Кај е адот? И кој ќе ме ослободи од гревот и смртта, и нели Он воскресна? -не

Самиот ’статус на автономија‘ на една Црква, како што ја замислиле претставниците на Меѓуправославната подготвителна комисија, е само една еклисијална (црковна) аномалија, која се темели на две еклисиолошки ереси или теолошки погрешни учења, кои ги препознаваме во точките А и В од нивните заклучоци. Да ги разгледаме теолошки, поединечно, па ќе дадеме и наш заклучок за негативните црковни последици од така замислената „автономија“.

Ако се научиме да го воздржуваме умот од паѓање во гревовни состојби, тогаш несоздадената светлина од созерцанието го проголтува тој ум, откривајќи го во нас Божественото присуство на Христос. Тоа божествено присуство или славата Божја е одраз во нас на беспочетното блажено битие на самиот Бог.

Гледаме дека Господ, освен правењето добро и вршење добри дела, не поставува никакви други услови за наследување на Царството Небесно. Нема поделби по националности, нема поделби на мажи и жени, нема поделби по боја на кожа, нема поделби по социјален и општествен статус, не им гарантира ниту на сиромасите, ниту на богатите дека ќе бидат дел од Царството Небесно.

Видете што вели свети Игнатиј Брјанчанинов и обрнете големо внимание на неговите зборови, затоа што за оние што се трудат во православниот духовен подвиг тие значат живот или смрт: „Од сите чувства на срцето само едно, во неговата состојба на пад, може да биде употребено во невидливото Богослужење: тагата поради гревовите, поради гревовноста, поради падот и својата пропаст – наречено плач, покајание, скрушеност на Духот“.

Застанати пред суштествениот егзистенцијалнен избор меѓу повампирувањето и воскресението, слободната личност неповратно се нурнува во вечноста: во вечно постоење во смртта, или во вечно постоење во животот. Затоа, времето, а со него и неговото пресметување (т.е. календарот) следува безостаточно да се насочат кон воскресението Христово – празникот кој не подлежи на статичното календарско утврдување на празнувањата, туку се темели врз поинакви принципи во пресметувањето и осмислувањето на времето.

“Oтстранувајтe сe oд злoтo, прилeпувајтe сe кoн дoбрoтo” (Рим. 12:9), нè пoучува апoстoлoт Христoв. Мрази гo злoтo, нo нe мрази гo чoвeкoт кoј прави злo, бидeјќи тoј e бoлeн.Акo мoжeш, лeкувај гo бoлниoт, нo нe убивај гo сo твoјата oмраза. Придржувај сe кoн дoбрoтo и самo кoн дoбрoтo затoа штo тoа e oд Бoга, и затoа штo Бoг e ризница на ситe дoбра.

Божиќните празнувања кои сите ние секоја година со нетрпение ги очекуваме, за своја основа го имаат воплотувањето Христово, кое пак е средишна точка на мистичното откровение на божјата милост. Рождеството Христово е печат на љубовта на Бог Отец преку која Тој ја покажа неизмерната грижа за Своето создание.

Сите сме чуле за онаа народната, дека сме толку во неред како „село без кучиња„. Да, нашето срце оддадено на страстите кои толку се вкорениле во него што лесно им овозможуваме на демоните да прават неред во нас, бидејќи не бдееме и не го чуваме нашето срце, и така стануваме пример за неред, а нередот укажува на хаос, а хаосот на ништовност и непостоење, т.е. на пеколна состојба.

Вечен закон на небото е дека помалото ќе учествува преку повеликото во она што е над суштествувањето. Така, како што Мајката Дева е неспоредливо повелика од сѐ така и многумина што ќе учествуваат во Бог тоа ќе го направат преку Неа, и како што многумина ќе Го познаат Бог, ќе ја препознаат Неа како Онаа што Го носеше Несместливиот, и како што многумина ќе Го слават Бог,...

Кoј мoжe да замисли и да признаe дeка ниe прeку благoдатта смe спасeни? Дeка смe спасeни нe пo наши заслуги и дeла, туку прeку благoдатта Бoжја, кoј тoа мoжe да гo знаe и да гo признаe? Тoа мoжe да гo знаe и да гo признаe самo oнoј кoј знаe и кoј ја видeл oд eдна страна бeздната на смртта и гнилeжoт вo кoја чoвeкoт прeку грeвoт прoпаднал, и oд друга страна, ...

Управникот на синагогата Јаир паднал пред нозете Исусови и Го молел да отиде во домот негов. Неговата единствена дванаесетгодишна ќерка била тешко болна и умирала. Христос Бог, нашиот добар Пастир, подготвен да ја положи душата Своја за овците Свои, се согласил и заедно со Јаир, следени од многу народ и од светите апостоли, тргнал кон домот Јаиров.

Може ли секој од нас да си одговори на прашањето колку време од 24-часовниот ден ѝ посветува на лично-соборната молитва насамо? И колку во тие претпоставени десетина минути молитва нашиот ум е собран во зборовите на молитвата? Се лажеме себеси ако одговорот е позитивен, нели?
Значи, каква поука можеме да извлечеме од поведението на Марта?