логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

 

 


Бог го создал човекот според Својот образ и подобие.

Бидете совршени како што е совршен вашиот Отец небесен

Совршенството е основното начело и причина зошто Бог го створил човекот. Човекот е создаден според образ и подобие Божјо. Значи, создаден е совршен според образот Божји, но не совршен во потполност, туку потенцијално совршен, односно да се труди во усовршувањето до подобието Божјо. Човекот во рајот живееше согласно неговата природа, во непрестајна заедница И разговор со својот Создател И Бог. Тој непрестано се насладуваше со несоздадените нетварни Божествени енергии, односно со благодатта на Светиот Дух.

Создавањето и паѓањето (умот и срцето)

Срцето е центар на психофизичкото битие на човекот. Во срцето се наоѓа суштината на умот. Кога Бог го создал човекот, неговиот ум пребивал во срцето, творејќи ја непрестајната умносредечна молитва, односно непрестајано заедничарел со Бога. Оваа природна врска била нераскинлива сe до паѓањето на Адам во грев. Имено, во момнетот кога Адам го послушал советот на ѓаволот, тогаш тој ја прекинал врската, односно заедницата со Бога и постанал заедничар со гревот и ѓаволот. Тогаш доаѓа и до расцепување на човековата личност, односно, тогаш се раскинува природната врска помеѓу умот и срцето, и како резултат на тоа умот излегува од срцето. Срцето се острастува и заробува од страстите, а енергијата на умот се помрачува. Затоа и Адам пага од грев во грев.

Од тогаш (по падот во гревот), човекот е во постојана борба за враќање на неговата првобитна природа во воспоставување на постојаната заедница со Бога.

Постојат три степени во духовниот живот:

1. Очистување на срцето од страстите,

2. Просветление на умот, и

3. Обожение на целокупната личност човекова.

Овие три степени меѓусебно во својата суштина се разликуваат, но и меѓусебно се испреплетуваат и заемно проникнуваат и условуваат. Во колку срцето се чисти од страстите, во толку и умот се просветлува и човековата личност обожува. Секој од овие степени поседуваат и свои особини.

И како што претходно нагласивме, откако човекот отпадна од Бога, со него завладејаа страстите. Главната човекова страст е себељубието. Таа самата по себе е поделена на три главни подстрасти:

а) славољубие,

б) сластољубие, и

в) среброљубие.

Славољубието е страст на умот, која се пројавува во следниве пороци: гордост, суета, желба за власт, високомислење за себе (мнение)…

Сластољубието е страст на срцето и овде спаѓаат сите најразновидни телесни страсти и задоволства: блуд од секаков вид, наркоманија, алкохолизам, уживање во јадење и пиење и секаков вид хедонизам…

Среброљубието е страст за болно поседување на овоземно богатство, изразено прек страстите: крадење, лажење, измама, скратување на платите на работниците, секаков вид на коцкање…

Значи, откако паднавме во грев, во нашето срце се зацарија страстите и ние станавме робови на страстите. За да се спасиме и за да се вратиме на нашата нормална и првобитна природа, односно за повторно да ја воспоставиме нашата заедница со Бога, ние треба да се бориме за да го исчистиме нашето срце од страстите и во него да го сместиме Бога. Во тој, не мал подвиг, неопходно е потребно да си имаме свој духовен отец, кој претходно ги поминал овие степени во духовниот живот, го исчистил своето срце од страстите и стекнал просветелн ум или пак, ако не, се труди во тој подвиг, и на него (духовниот отец) целосно со најголема верба и доверба да му се предаде на послушание. Односот помеѓу духовниот отец и духовното чедо треба да е заемно љубовен и личносен. Да се дозволи и од едниот и од другиот заради љубовта да се претрпи. Затоа што духовното чедо доброволно му се потчинува на послушание на духовниот отец како добар пастир, заради спасението на своето духовно чедо, сe да понесе на својот грб.

Во тој подвиг постојат три основни правила во духовниот живот:

1. Непоистоветување со помисли, желби И чувства,

2. Правилна исповед, и

3. Нагласен телесен подвиг до моментот на отворање на срцето.

На овие три основни правила постојат и нивни три спротивставени правила, а тоа се:

1. Непослушание,

2. Судење и осудување, и

3. неконтуиран (непостојан) подвиг во моменти на отсуство на благодат.

Во однос на првите правила можеме да кажеме:

Гревот настанува вака. Најпрво непријателот, односно ѓаволот, делува преку помисла или предлог, потоа ако ние сме невнимателни, не се молиме постојано и со внимание и не ја отфрлиме уште во почетокот мислата и одговараме на помислата преку “разговор” со неа. До овој степен таа помисла сеуште не е грев. Ние неа можеме да ја прифатиме, но и да ја одбиеме. Ако ја прифатиме, а тоа значи согласување со неа, тогаш грешиме со помисла. Таа прифатена помисла понатаму се развива во желба. И веќе ние сакаме да ја исполниме грешната помисла, но и во оваа ситуација ние можеме да се и свестиме и да ја отфрлиме, а ако се поистоветиме со желбата, тогаш помислата се развива во чувство, што е еден повисок стеепен на заробеност, но и од оваа состојба можеме да се извлечеме, затоа што гревот сеуште не сме го спровеле во дело иако веќе можностите за тоа се многу големи. И на крајот, ако ни се создаде ситуација да ја исполниме помислата на дело – ние паѓаме во грев на дело. Од неколку пати повторен грев се раѓа страст и наша заробеност од неа. Бидејќи нашето срце е острастено, а умот помрачен за Божјите вистини, ние и не знаеме да ги разликуваме помислите, која е добра а која е лоша. Затоа е потребно сите наши помисли, желби и чувства да ги кажуваме на нашиот духовен отец, а тој како искусен во духовниот живот ќе ни го даде вистинскиот одговор. Спротивно од тоа, со недоверба и непослушание, ние грешиме уште повеќе.

Второто  правило е правилна исповед, а негова спротивност е судењето и осудувањето. Кога одиме на исповед треба да ја кажуваме состојбата и реакцијата на нашето срце за време на искушението и по него. Односно, на исповед треба да се кажува она што јас згрешив кон Бога и ближниот, а не што згрешил другиот. Другиот пак на исповед ќе си каже за себе. Значи, на исповед не треба да го обвинуваме другиот, туку себе. Светоотечко правило за ова е: “Јас сум винове за сe”. Ова важи и во моментотна искушение и веднаш да почнеме да ја кажуваме Исусовата молитва борејќи се со поривот на помислите, желбите и чувствата. На исповед треба накратко да ја опише случката и да ја исповедаме состојбата на своето срце, како на пример: ми олади љубовта, се разгневив, веднаш кроев план како да му се осветам, му посакував зло, го замразив и сл…

Срцето секогаш треба да ни е отворено за Бога за да го примиме она што ни е потребно за нашето спасение, иако нам ни изгледа нелогички, неправилно и спротивно на нашето мислење. И уште една голема пречка во духовниот живот е создавањето на т.н. паралелни односи, односно, навлегување во еден вида маѓепсан ѓаволски круг. Кога некоја помисла влезе во нас И ние наместо да ја исповедаме на духовникот, ја “исповедаме” на својот брат или сестра. И така, таа помисла нe заробува во тој маѓепсан ѓаволски круг, кој  ако не се прекине, ќе н# воведе во прелист И мнение И ќе нe турне во пеколот.

И на крајот, сe додека нашето срце е заробено од страстите, ние трба да применуваме и телесни подвизи како средства за негово очистување, затоа што секојдневните подвизи како што се постот, гласната молитва, станувањето рано за на Литургија, секојдневното молитвено правило итн., придонесуваат за наше смирение и ја уништуваат нашата најголема страст -  гордоста. На ова треба да се принудуваме во секое време и кога чувствуваме благодат и сила, но и во моменти на отсуство на благодат. Дури во вториот случај, во моменти кога немаме благодат, тој подвиг е подобар. А откога ќе го исчистиме срцето од страстите, телесниот подвиг е второстепен, затоа што тогаш умот по природен, за него пак се спушта во срцето и тука ја твори непрестајната умносрдечна Исусовамолитва: Господи Исусе Христе помилуј ме. Затоа потребен е поголем мир и концентрација за да не му бега вниманието во болката, туку да се концентрира на молитвата, сe додека е неопходен и телесниот подвиг и болката.

 

 

On Spiritual Life in Christ – Abbot Gavril
God created man by His image and in His likeness.

Be perfect as Your Heavenly Father is perfect


This is the basic principle why God created man: man was created by the image and in the likeness of God. So: perfect, by the image of God; yet not completely perfect, but as a potential, as the beginning of his (man’s) perfection to the likeness of God. In paradise man lived according to his nature, in constant union and conversation with his Creator and God. Man unceasingly savoured the uncreated immaterial Divine energies – that is, the grace of the Holy Spirit.

On Creation and Fall (Mind and Heart)

The heart is the center of the psycho-physical being of man. The essence of the mind is in the heart. When God created man, his mind dwelt in the heart, performing there the unceasing mind-and-heart prayer – that is, man unceasingly communicated with God. This natural relationship was unbreakable all until Adam’s fall into sin. Namely, the moment Adam listened to the devil’s advise, he broke the relationship i.e. the union with God and became a communicant of the devil. This is when the split in man’s person came about. Namely, it is then that the natural relationship between the mind and heart was broken and the mind went out of the heart. The heart became impassioned and captured by the passions, and the mind’s energy became darkened. It is therefore that Adam fell from sin to sin.

From then on man has been in perpetual struggle for restoration of his original nature and of the continual union with God.

There are three stages in spiritual life:

Purification of the heart from passions

Illumination of the mind

Deification of man’s entire person

These three stages differ in their essence, but they also mutually intertwine and condition each other. The more the heart is purified from the passions, the more the mind is illumined and man’s person deified. Each of these stages has its own characteristics.

As we have already said, after man’s falling away from God, he became ruled by the passions. Man’s principle passion is SELFLOVE.

Selflove is divided into three main sub-passions:

Love of glory – Vainglory

Love of pleasure – Self-indulgence

Love of money – Avarice

Vainglory is a passion of the mind, and it is: pride, vanity, desire for power, high opinion of oneself i.e. conceit…

Self-indulgence is a passion of the heart and it comprises all the various physical passions and pleasures: fornication of any kind, drug addiction, alcoholism, indulgence in eating and drinking, and all kinds of hedonism.

Avarice is the passion of sick possession of earthly treasures, manifested through theft, lying, deceit, not paying the workers their due, all kinds of gambling,…

So, after we had fallen we became slaves to the passions and they have reigned in our heart ever since. In order to be saved and to restore our normal and original nature i.e. in order to restore our union with God, we must strive to purify our heart from the passions and make room for God in it. In this, not small, struggle it is an imperative for us to have our own spiritual father who has previously passed these stages in the spiritual life, has purified his heart from the passions and has attained an illumined mind – or, if not so, at least one who is striving in this struggle – and we should place ourselves under obedience to him completely, with greatest possible faith and trust. The relationship between the spiritual father and the spiritual child should be mutually loving and personal. Both of them should put up with each other for the sake of love. The spiritual child does this because he/she voluntarily submits to the spiritual father into obedience; and the spiritual father as a good shepherd must take all upon himself for the sake of his spiritual child’s salvation.

In this struggle there are three basic rules of spiritual life:

Non-identification with one’s thoughts, desires and feelings

Proper confession

Intensive physical struggle until the moment of the opening of the heart

These three basic rules have their own opposites, and these are:

Disobedience

Judging and condemnation

Inconsistent struggle in moments when grace withdraws

The sin comes about in this way. At first the enemy i.e. devil acts through a thought or a suggestion, then, if we are careless, do not pray continuously and with attention, and do not reject the first thought but rather answer the thought through a dialogue with it. However this thought is not yet a sin. We can still accept or reject it. If we accept it, and that means we agree with it, then we sin with a thought. This accepted thought further on develops into a desire. And now we already want to fulfill the sinful thought; still, in this situation too we can come to our senses and reject it, but if we identify ourselves with the desire the thought then develops into a feeling, which is a higher degree of captivity; still, from this state too we can find a way out because we have not yet sinned with a deed, although the chances for it are now much great. In the end, if we have a situation created to fulfill the thought in action, we fall into a sin with a deed. A several times repeated sin gives birth to a passion and our captivity to it. Since our heart is impassioned and the mind darkened for Divine truths, we cannot even tell the difference between thoughts – which one is good and which bad. Therefore it is necessary that we tell all our thoughts, desires and feelings to our spiritual father; and he, being experienced in spiritual life, will give us the right answer. If, contrary to this, we live in mistrust and disobedience, we sin even more.

The second rule is proper confession, and its opposite – judging and condemnation. When we go to make a confession we should tell the state and the reaction of our heart during the temptation and after it. This means: I tell what I sinned in respect to God and my fellowman, not what the other one did – he is the one to tell his/her sin at his confession. So, during the confession we must not blame the other one, but ourself. The proper thought here is: It is all my fault. This is what we should think also at the moment of temptation and we should immediately start saying the Jesus prayer – fighting the flood of thoughts, desires and feelings, which are engendered by the temptation and by our sinful heart. At the confession we should briefly describe the incident and confess the state of our heart (my love chilled, I became infuriated, I already devised a plan how to avenge, I felt hatred, and alike…)

Our heart should always be opened to God so that we can let in all that is necessary for our salvation, although it may seem to us illogical, incorrect and contrary to our opinion. There is yet another big obstacle in spiritual life: creation of so called parallel relationships – a kind of a vicious diabolical circle. When a thought enters within us then we, rather than confess it to our spiritual father, “confess” to our brother, sister. And in this way that thought captures us in that vicious diabolic circle, which if not broken up, will lead us to delusion and conceit and will push us into hell.

And finally, all until our heart is captured by the passions, we should also practice physical feats as a means to its (heart’s) purification, because the daily feats – as are fasting, praying out loud, getting up early for the Liturgy, the daily prayerful rule etc. – contribute to our humility and destroy our greatest passion, PRIDE. We should force ourselves to this at all times: both when we feel grace and power and in the moments of absence of grace. Moreover, in the second case, when we do not have the grace, that struggle is better. And after we have purified our heart from the passions, the physical struggle is not that important, because then the mind, in a way natural to it, descends into the heart and here performs the unceasing mind-and-heart Jesus prayer: Lord Jesus Christ, have mercy on me. And therefore the mind needs greater peace and concentration, so that it can concentrate on the prayer. And all until this happens, the physical struggle is necessary and in the pain.

 

Извор: http://www.stprohor.org.au/on-spiritual-life-in-christ-abbot-gavril/

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3133
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7607
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/11/2024 - вторник

Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски; Преподобен Варлам Хутински ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная