логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

crkva.planina.jpg


БЕСЕДА 32

Славата на христијаните, којашто и сега престојува во нивните души, во времето на воскресението ќе се покаже и ќе ги прослави телата, според мерата на нивното благочестие.

1. Во овој свет постојат разни јазици, секој народ има свој јазик. А христијаните и сега учат еден јазик и сите земаат часови само од премудроста, од Божјата премудрост, а не од мудроста на овој свет и од векот кој поминува. И бидејќи христијаните живеат меѓу истиве овие твари, за нив видливото претставува повод да се издигнуваат кон нови небесни спознавања, слави и тајни. Постојат животински видови кои се кротки, на пример, коњот и волот. Секој од нив има посебна градба на телото и посебен глас. Истото го забележуваме и кај дивите животни. Лавот има посебна градба на телото и посебен глас, а исто така и еленот. Голема разлика постои и кај влекачите, а и птиците многу се разликуваат според градбата на телото. Орелот има една градба на телото и еден глас, а друга градба на телото и друг глас има јастребот. Истото го наоѓаме и во морето. Многу тела, кои не се слични едно на друго. На земјата има многу семиња, а секое семе има посебен плод. Исто така, постојат многу дрвја, големи и мали. Многу се разликуваат и овошките, зашто секое од нив има различен вкус. Постојат многу тревки, и тие многу се разликуваат една од друга. Едните се корисни за здравјето, другите само испуштаат мирис. А секое дрво од својата внатрешност ја произведува својата облека, лисјето, цветовите и плодовите. Исто така и семињата својата облека ја содржат внатре во себе. И криновите својата облека ја произведуваат од внатрешноста и го украсуваат зеленилото.

2. Така, ако некои христијани се удостоиле да ја стекнат небесната облека уште сега, тогаш тие ја имаат истата таа облека во нивните души. И бидејќи Бог предодредил оваа твар да се разурне, да поминат небото и земјата, во оној ден воскреснатите тела, кои ќе станат голи од гробовите, ќе се облечат во небесната облека, со којашто уште сега е облечена и прославена душата, според тоа колку е таа стекната во срцето. Значи, видливо ќе се облечат со славата на невидливиот дар и небесната облека, што христијаните ги добиле уште сега. Слично како овците и камилите, кои кога ќе најдат трева, гладно и брзо ја јадат крмата и си создаваат резерви на храна во себе, за во време на глад истото тоа да го повратат од желудникот и да го преживаат, така што она што го примиле во себе од порано им служи како храна: и тие што уште сега се одушевиле од небесното царство, живеат преку духот, ја пробале небесната храна, во времето на воскресението ова истово ќе ги покрива и ќе им ги грее сите членови.

3. И како што кажавме за разликата во семињата, односно дека на истата земја се посеваат многу семиња и даваат различни плодови, кои не се слични еден на друг, а слично на тоа и за дрвјата, дека едни се големи, а други помалечки, иако корењата на сите дрвја се наоѓаат во истата земја: така и небесната Црква е една, но непребројна, и во неа секој е украсен со славата на Духот на посебен начин. Како што птиците ја произведуваат својата облека - пердувите - од телото, но меѓу нив има голема разлика, едни летаат близу до земјата, а други се креваат високо во воздухот, или како што небото е едно, а ѕвездите на него се многу, посветли, поголеми, помалечки, но сите на истото небо, така и светите различно се вкоренети на едното небо на Божеството и на невидливата земја. А слично и мислите, коишто му доаѓаат на ум на едниот ист Адам, се различни, но Духот Кој доаѓа во срцето произведува една мисла и едно срце, затоа што и оние што се долу и оние што се горе се управуваат од истиот Дух.

4. Што означуваат животните со раздвоени копита? Тие служат како образ на оние кои одат право во Законот, бидејќи со двојни копита одат послободно. Како што сенката на телото ја прави самото тело и во употребата таа не може да ја замени плотта - сенката не може да преврзе рана, да подаде храна или да зборува, туку е производ на телото и однапред го покажува неговото присуство - така и стариот закон е сенка на новиот завет. Сенката ја покажувала вистината, а не Го заменувала Духот. Инаку, облечениот во плот Мојсеј не би можел да влезе во срцето и да ја слече нечистата облека на темнината, ако силата на лукавата темнина не ја уништил Духот од Духот и Огнот од Огнот. И обрезанието во законската сенка укажува на приближувањето на вистинското обрезание на срцето, и законското измивање е сенка на вистината. Таму се измивало телото, а овде крштението со оган и Дух го исчистува и измива осквернатиот ум.

5. Таму свештеникот, завиен во немоќ, влегувал во Светињата и принесувал жртва за себе и за народот: овде вистинскиот Првосвештеник (Архијереј) - Христос, еднаш влегол во неракотворената скинија, во горниот жртвеник, и подготвен е да ја исчистува и осквернетата совест кај оние што Го молат. Зашто вели: Ќе бидам со вас „до свршетокот на светот" (Мат. 28,20). Првосвештеникот на градите носел два скапоцени камења на кои биле имињата на дванаесетте патријарси. Тоа било образ (слика). Така и Господ, облекувајќи се во дванаесетте апостоли, ги испратил како благовесници и проповедници во целиот свет. Забележи како сенката што се приближува ја покажува вистината. Како што сенката не ја извршува службата и не ги лечи немоќите, така и стариот закон не можел да ги лечи душевните рани и немоќи, затоа што немал живот.

6. Две спрегнати лица сочинуваат нешто совршено: така и двата з/авета. Човекот е создаден според образот и подобието Божјо, има две очи, две веѓи, две раце, две нозе. И ако се случи да биде едноок, или еднорак, или едноног, тоа нему му служи како за прекор. Или како што птицата, ако има само едно крило, не може да лета, така и човечката природа, ако останала гола, каќва што е самата по себе, и не се соединила и не влегла во општење со небесната природа, не би правела ништо добро, туку би останала според својата природа гола и достојна за прекор поради големата нечистотија. Зашто и самата душа е наречена храм и живеалиште Божјо и царска невеста. Бог вели: „Ќе се вселам во нив и ќе одам меѓу нив" (2. Кор. 6, 16). Бог толку се смилувал на тебе, што слегол од светите неба и ја примил на Себе твојата разумна природа и земната плот ја соединил со Својот божествен Дух, па и ти, земјениот, да примиш во себе небесна душа. И кога твојата душа ќе биде во општење со Духот и небесната душа ќе влезе во твојата душа, тогаш си совршен човек во Бога, наследник и син.

7. Како што Божјото величие и Божјата недостижност не можат да ги опфатат ниту горните, ниту долните векови, така, обратно, и понижувањето Божјо, односно како Бог се смалува Себеси до мерката на понижените и малечките, не можат да го сфатат ниту горните светови, ниту земните. Зашто како величието, така и понижувањето Божјо - се недостижни. И кога според Божјиот ред се наоѓаш во жалост, во страдања, во рани, тогаш она што сметаш дека ти пречи, всушност, и користи на твојата душа. Ако сакаш да бидеш и да се богатиш во светот, те пресретнуваат разни несреќи и почнуваш да си размислуваш: Немам среќа во светот, ќе се одречам од светот, па ќе Му служам на Бога. Најпосле, кога ќе дојдеш до таа мисла, ја слушаш заповедта која вели: „Продај го имотот свој" (Мат. 19, 21), замрази го плотското општење и служи Му на Бога. Тогаш почнуваш да благодариш за својата несреќа во светот, за тоа дека по овој повод се покажуваш послушен на Христовата заповед. На крајот, ако си ја променил својата мисла делумно - во однос кон видливото, и си се оддалечил од светот и од плотското општење, исто така треба да се промениш и во умот, плотското мудрување да го промениш во небесно мудрување. Тогаш почнуваш да размислуваш за онаа заповед што си ја чул и се уште немаш спокојство, а ќе ги земеш на себе само грижата и трудот да го стекнеш она за што си слушал.

8. Кога мислиш дека, одрекувајќи се од светот, си направил се, Господ ти се обраќа со овие зборови: Што се фалиш? Зар не ги создадов Јас твоите тело и душа? Што си направил ти? Душата, исповедајќи Му се на Господа, почнува да Го моли и да вели: Се е Твое; домот во кој живеам е Твој; и моите облеки Ти припаѓаат Тебе; Ти ме храниш, Ти ме снабдуваш со се што ми е потребно. На ова Господ почнува да зборува: Ти правам милост; тоа што го имаш е твоја сопственост; добрапХа волја е исто така твоја сопственост. За твојата љубов кон Мене, бидејќи прибегна кон Мене, ете, ти го давам тоа што досега не го поседуваше, што го немаат луѓето на земјата. Заедно со твојата душа, прими Ме и Мене, Господа, па секогаш да се радуваш и веселиш заедно со Мене.

9. Како што жената, кога се свршува со мажот, со голема љубов го принесува и го предава во рацете на мажот сиот свој имот, сиот мираз и вели: Јас немам ништо свое; овој мој имот стана твој, овој мираз твоја сопственост, и душата моја и моето тело тебе ти припаѓаат: така и целомудрената душа е девојка Господова, која стапува во општење со светиот Господов Дух. Со оглед на тоа што Господ, кога дојде на земјата, пострада и беше распнат, и ти ќе треба да пострадаш заедно со Него. Зашто, штом ќе се оддалечиш од светот и ќе почнеш да Го бараш Бога и да размислуваш за Него, ќе треба веќе да се бориш со својата природа, со претходната нарав и со навиката што ти се природила. А за време на борбата со оваа навика, ќе откриеш помисли кои ти се противат и се борат со твојот ум. И овие помисли ќе те повлечат и ќе почнат да те вртат во видливото, од што ти си побегнал. Тогаш ќе почнеш борба и битка, поставувајќи помисла против помисла, ум против ум, душа против душа, дух против дух; и овде е веќе вечната Душа.

10. Зашто се открива некаква скриена и едвај забележлива сила на темнината, којашто се наоѓа во срцето. И Господ е близу твојата душа и твоето тело и, гледајќи ја твојата борба, вложува во тебе скриени небесни помисли и на таинствен начин почнува да те успокојува. Но во прво време се уште те остава да се воспитуваш, а благодатта промислува за тебе во маките. И кога ќе го достигнеш спокојството, ќе ти Се даде да Го познаеш и ќе ти покаже дека за твоја полза дозволувал да се бориш. Како што на синот на некој богат човек, кој има свој воспитувач, додека наставникот го казнува, учењето, карањето и ударите му изгледаат тешки, и така е се додека не стане маж, па дури тогаш почнува да му благодари на воспитувачот, така и благодатта, промислувајќи воспитува, додека не станеш совршен маж (зрел човек).

11. Земјоделецот семето го фрла насекаде и оној кој ^ сади лозници сака сите да му носат плод. А потоа доаѓа со срп и се нажалува ако не најде плод. Така и Господ сака Неговото слово да биде посеано во човечките срца. Но како што земјоделецот се нажалува ако е јалова нивата, така и Господ се нажалува поради јаловото срце, коешто не принесува плод. Како што ветровите дуваат насекаде по сета твар и како што сонцето ја осветлува целата вселена, така и Божеството е насекаде, секаде Го наоѓаш. Ако бараш на небесата - Го има и таму во ангелските помисли. Ако бараш на земјата - ќе Го најдеш и овде во човечките срца. Но од многуте не се многумина оние што се покажува дека се христијани, кои Му благоугодуваат. Слава и велелепие на Отецот и Синот и Светиот Дух во вековите! Амин.

Издавач: ЃаконијА

 

Друго:

  • sv.Makarij.Veliki.jpg

 

Посети: {moshits} 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3125
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7597
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная