логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Uspenie.na.Presveta.Hristos4

Успение на Пресвета Богородица (27.08.2022 15:56)

Не случајно е посочен како евангелско четиво на денешниот празник токму извадокот од Светото Писмо каде што Самиот Господ Богочовекот Исус Христос ни посведочи на сите дека Марија го избрала подобриот дел. Марта е примерот за избор на доброто, додека пак, Марија е примерот за избор на совршеното (види: Лука 10, 38–42).

Марта го симболизира и отсликува првиот степен на духовниот раст, а тоа, како што знаете, е чистењето на срцето од страстите, т.е. практичниот подвиг; додека пак, Марија го претставува повисокиот степен на духовниот раст – умно-срдечната молитва и просветлувањето на умот, т.е. теоријата, т.е. созерцанието.

Говорејќи за Пресветата Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија, ние сме ставени во позиција да говориме за Некој Кој е совршен, а тоа е просто невозможно за нас со оглед на духовната состојба во која се наоѓаме. Но, сепак, една мисла ќе споделам со вас, која ме вдахновува деновиве пред благиот ден:

Имајќи го предвид фактот на Адамовиот пад и наследството од тој пад пренесено на нас, со нас се случи следново неискажливо: Небесниот ни подари земно раѓање, а Земната, преку Својот личен подвиг, ни овозможи духовно раѓање. Да се потсетиме како...

Севкупниот Домострој на нашето спасение е дело на нашиот Бог – Света Троица, од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух. Овој Домострој е Христоцентричен (исто како и нашиот живот во Црквата) поради воплотувањето на Синот Божји од Дева Марија и Светиот Дух, Кој стана и Човек – Богочовек, како и поради сето она што Он го направи за нас и нашето спасение. При сето ова, најбитно за нас е дека човечката природа, воипостазирана (прифатена) и обожена во Синот Божји – Исус Христос, не е потисната од Неговата Божествена природа, туку напротив, Бог преку обожението го гарантира нејзиното сопствено човечко совршенство и полнота, како и нејзината едносушност со севкупниот човечки род.

Обожението на човековата природа во Синот Божји – Богочовекот Исус Христос, е основа на обожението на секој човек кој тоа го сака, во Црквата како Тело Негово – со учество во нејзините Свети Тајни и Добродетели. Треба да го знаеме и тоа: иако велиме дека, во процесот на обожението, нашата и Божјата природа заемно се проникнуваат, ние сепак, знаеме дека проникнувањето бива од страна на Бог, Кој со Своите несоздадени енергии ја проникнува и обожува човечката природа. Затоа Бог е единствениот наш Спасител и никој друг. Човек не може да спаси човек.

Но, битен е и начинот на нашето спасение. Нас не би нѐ спасил Богочовекот Исус Христос доколку по целиот Домострој на нашето спасение само се вознел на Небесата и седнал оддесно на Отецот, во тело, туку Он нѐ спасува, како што веќе спомнавме, во Црквата како Тајна на Неговото Тело, чија Глава е Он, а ние – органски делови на тоа Тело, кои ја содржат целината. Сето тоа, пак, ни го овозможува своеволното симнување на Светиот Дух Господ врз Неговите ученици – посебно врз Апостолите, кои први го сочинуваат тоа Тело. Ова е јасно.

Секогаш треба да се внимава на сотириолошките (спасителните) последици на она што се тврди во теологијата. На пример, дали погоререченото го нарушува основниот православен принцип на Божјата и човечката слободна синергија во Црквата? Односно, дали ја нарушува нашата Боголикост, нашата слобода? Одговорот е – не! Точно е дека Бог сѐ направи – за нас и наше спасение, но ништо од тоа што го направи не ќе беше возможно без Нејзиното „да“, без Нејзината согласност. Ова тврдење го отвора прашањето и за местото и улогата на Пресвета Богородица во процесот на нашето спасение. Секако, нашето спасение не е можно и без нашата лична и слободна согласност, колку и да сакаат Бог и Богородица да нѐ спасат.

Секогашдева Марија зачнала Ипостас (Личност) – на Синот Божји, сочинета од две природи, Божја и човечка. Пресвета Богородица и Секогашдева Марија раѓа токму ваква Ипостас, во нејзината нова состојба на сложеност. Богочовекот Исус Христос е единствен субјект на раѓањето – се раѓа Некој, а не нешто. Не постојат два сина, туку само две раѓања на истиот Син. Едното – предвечно и бестелесно од Отецот, како начин на постоење; другото – од Пресвета Богородица, во тело и во време. Оттука произлегува и вистинитоста и значењето на името Богородица. Ова име ја содржи целата тајна на Домостројот на нашето спасение – ако мајката, од човечки род, е Богородица, тоа е затоа што Нејзиниот Син е сигурно Бог и сигурно Човек. Одбивањето да Ја наречеме Секогашдева Марија – Мајка Божја, и одбивањето да Ја почитуваме правилно како Богородица, значи отфрлање на тајната на воплотувањето на Синот Божји – и на сите последици од тоа воплотување; меѓу кои и на нашето спасение.

Од погоренапишаното гледаме дека местото и улогата на Пресвета Богородица во Тајната на нашето спасение е толку битна што кога би се обиделе мисловно да Ја изоставиме Богородица од Црквата, како Богочовечки организам во кој се спасуваме, ќе видиме дека ништо нема да остане од него и од нашето спасение. Истово не важи за кој било друг човек или ангел, не важи за никој создаден.

Какво тоа место и улога, преку Својот слободен и љубовен подвиг, си обезбеди Пресвета Богородица во Божјиот Домострој на нашето спасение? Прво, Таа стана нашиот единствен совршен дар на Бог; второ, нашата слободна и љубовна синергија со Бог совршено се оствари во Неа; трето, со Нејзиното „да“ на Бог го овозможи и нашето спасение; четврто, Светиот Дух Господ само поради Неа се симна меѓу нас; петто, Нејзината позиција како Богородица е таква што само преку Неа Го добивме на дар нашиот Спасител – Богочовекот Исус Христос, како и секој совршен дар Божји потребен за наше спасение, но и секој наш дар за Бог, Он само преку Неа го прима; шесто, ние сме Нејзино тело и крв, односно Христови браќа по благодат, и Нејзини и деца Божји; и седмо, Она е Негова Мајка, Која Он заповедал да се почитува, а најголем израз на тоа почитување е Неговата љубов кон Неа, односно Неговото послушание кон Неа итн. Затоа и веруваме дека ако и најголемиот грешник (Нејзино дете) искрено Ѝ побара да го спаси, ќе биде спасен поради Нејзиното барање од Христос, т.е. поради нововоспоставените лични односи.

Оваа наша доверба кон Богородица, како што видовме и како што знаеме, е поткрепена од севкупното Предание на Црквата, покрај догматското, и од житијата на светиите (колку само многу примери во нив може да најдеме), делата на Светите отци, животниот опит, како и од богослужбената пракса на Црквата насекаде во светот, на Света Гора и кај нас.

Вообичаено кон Бог се обраќаме со зборовите – „помилуј ме“, како единствен нормален однос меѓу создадените и Несоздадениот; и илјадници маки да претрпиме, во Негова слава, не нѐ прават достојни за спасение – само Неговата милост нѐ спасува. Вообичаено кон светителите Божји се обраќаме со молитвата – „моли Го Бог за нас!“ Само кон Богородица, во свеста и совеста на Црквата, а поради Нејзиното посебно место како Мајка Божја, вообичаено и благочестиво останало да Ѝ се обраќаме со зборовите – „спаси нѐ!“ Кога и каде се обраќаме, веќе не е битно.

Ова е пример за целовито гледање на Преданието, а не парцијално. Ова е дело на Духот што оживува, а не на словото што убива. Нема благочестива негациска споредба меѓу двајца кои еден без друг не би биле тоа што се – помеѓу Богочовекот Христос и Неговата Мајка, Богородица. Битно е Кој нѐ спасува, но битен е и начинот на нашето спасение. Христос е Живот, Христос е Вистина, но и Пат.

Како што Богородица престојуваше во Светињата на светињите, во Ерусалимскиот храм, пред Христовото воплотување, така нашиот ум со послушност кон Бог треба да престојува во чиста молитва, пред да го добие дарот на откровение на местото на срцето. Девствената молитва е услов за пројавување на божествената благодат во срцето и за добивање на дарот на умно-срдечната молитва. Тоа е  духовно Рождество во срцето. Потоа следи наше служење на Христос во светот и при крај сострадување со Него. На крај завршуваме со наше упокојување во Него, до од мртвите воскресение.

Крајот на подвигот на нашата обожена Владичица Богородица и Секогашдева Марија е и Успение, но и Воскресение од мртвите во слава, пред сеопштото воскресение. Воскресението Христово и Успението на Пресвета Богородица се слични празници, овозможени од едната и иста благодат на Воскресението. Христос со ништо не Ја ускратува Својата Мајка Богородица од Себе и тоа што Он го има; ниту нас. Ова е еден од најрадосните празници што ги имаме во Црквата. Потврда и на нашето воскресение.

Пресвета наша Владичице Богородице, откако веќе единствена Ти ни овозможи и покажа дека спасението е достапно за сите нас, сега и спаси нѐ – без Тебе изгубените! И прости...

Митрополит Струмички Наум

Извор: МПЦ-ОА

 

Друго:

 Uspenie.na.Presveta.Hristos3

“Господ ни ги трга проблемите

за да имаме време да се молиме,

но ако ние не се молиме,

пак ќе дојдат проблеми

и секако ќе се молиме.“

- дедо Наум

 

 



 
    
    

 
    



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3214
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7701
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная