логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Наблус е град во Палестина, расположен на западниот брег на реката Јордан. Градот кој порано се викал Наин, во денешно време има население двапати повеќе од Куманово и во него многу често се случуваат воени конфликти меѓу Палестинците и Израелците.

Во Наин, каде што се наоѓа гробницата на патријархот Јосиф, градот каде што се наоѓа бунарот на патријархот Јаков – покрај кој Христос разговарал со Самарјанката, во тој град, браќа и сестри, се случил и настанот опишан во денешното евангелие.

Од едната страна доаѓала погребна поворка, а од другата страна доаѓал Христос – следен од многуброен народ.Погребната поворка носела покојник – единствен син на мајка вдовица. По смртта на нејзиниот маж, синот останал нејзината единствена потпора. А сега, на носилка ја носеле за да ја спуштаат в гроб единствената утеха на овдовената жена, која веќе пропаѓала во тага.Но, додека таа со очајно ридање се движела покрај одарот, неочекувано слушнала како некој одлучно и вели: „Не плачи!“ Тоа не биле зборови на човек кој изразува сочувство со наведната глава, човек кој и самиот трепери од страв пред смртта. Блиските тешко дека можеле и да помислат да кажат такво нешто.resurrection-nain.tissot.jpgПрвите три денови од жалењето по умрениот за Јудејците од времето на Исус биле денови на плач. За време на првата седмица нажалениот не работел никаква работа, дури не се ни миел, а времето го минувал во потполно жалење. Потоа следувале уште 30 денови во полесно тагување.„Не плачи!“ – тие зборови биле искажани повеќе како заповед, отколку како совет. Тоа се зборови, не од обичен човек, туку од Богочовекот Христос – Спасителот. Оној што дошол во светот за да ја победи смртта не се разминал молкум со безнадежноста и беспомошноста на човекот. Исус Христос ја положил својата рака на ковчегот и рекол: „Момче, тебе ти велам, стани!“Толку е потребно за Животворецот да го оживее безживотното тело. Само збор од Господа е доволен за да се обнови сојузот меѓу душата и телото и „мртовецот стана и седна и почна да зборува.“Кај Градските порти на градот Наин поворка на смртта се соочила со поворка на животот и животот ја победил смртта, зашто Началникот на животот ја покажал својата животворна сила! Неизмерна била радоста на мајката, а присутните извикувале: „Бог го посети својот народ!“Конечно, браќа и сестри , знаеме дека умреле и мајката и синот кој што еднаш бил вратен од канџите на смртта. Смртта до денес привидно триумфира над животот и како да се потсмева над нашите надежи за вечен живот. Но, нашата сигурност во конечната победа што ќе ја донесе Воскреснатиот Господ и ќе го востанови вечното Царство Небесно е плод на нашата вера во Божјото ветување дека Адот нема да ја надвладее Црквата како земја на живите (Мт 16:18). Нашата вера е вера во „Бог кој не е Бог на мртвите, туку Бог на живите, зашто за него сите се живи“ (Лк. 20:38).Повик од Спасителот до очајната жена: „Не плачи!“ – е повик што  Спасителот го упатува кон секој човек. Целиот земски живот на Господ Исус Христос, целиот искупителен подвиг – од Раѓањето Христово до смртта на Крстот – бил тој повик, исполнет со божествена сила и љубов: „Не плачи!“ Синот Божји беше испратен и стана Син Човечки за да го прекине тој безнадежен ȏд кон гробот. Поради Христа и поради верата во неговото Воскресение не жалиме за умрените како на вечна разделба. Св. Апостол Павле нè советува: „Ви кажувам браќа, за умрените да не жалите како оние што немаат надеж!“ Значи, човечки е да се жали и длабоко да се жали, но безбожно е да препуштиме тагата да нè одведе во болест и да нè разори нас самите и да ја уништа нашата вера и надежта на идниот век. Истиот апостол зборува за „тага според Бога“ која води во покајание за спасение и „световна тага“ која произведува смрт.Световната тага во крајна линија е самосожалување. Од нас се бара да не дозволиме тагата да не одведе во самосожалување.(Пред неколку години ненадејно умре еден мој пријател и бев присутен меѓу членовите на неговото семејство во првите моменти на трагичниот настан. Меѓу плачот и лелеците ги слушнав зборвите: „Зошто мораше ова мене да ми се случи?“ Си помислив: „Чекај сега, вели; „мене да ми се случи“? Него го жали или себе се жали?“)Да го избегнеме себичното самосожалување со цврста вера дека без божја волја не се случува ништо (Мт. 10:29) и дека „единствениот Творец човекољубиво уредува сè и на сите им дава сè што е полезно“ (Стихира од Парастос).Во тешките моменти што се неизбежни за секого од нас, повикани сме да се надминеме себеси со вечна љубов кон ближните, со љубов што не престанува, туку се преточува во молитва и продолжува и тогаш кога човек заминува од овој свет.Да го чуеме, браќа и сестри,  повикот од Господа: „Не плачи!“ и да го прифатиме со увереност дека сите ние овде привремено се разделуваме едни од други и дека сите ние одиме кон Бога, кон вечноста.Ако пак дознавме заради што не треба да плачеме, да знаеме и дека единствено заради што треба да плачеме е она што го попречува нашиот пат кон Царството Небесно, а тоа е – гревот. Најстрашното во овој живот не е смртта, туку – гревот, кој од луѓето прави живи мртовци.Сите ние знаеме дека порано или подоцна – ќе умреме. Но, Бог е посилен од смртта. Самиот Господ прими смрт и со тоа се приопшти на страдањето и смртта на секој човек, без исклучок. Во неговото Воскресение засветлија првите зраци на оној безвечерен Ден кој ќе нема крај. Ние сме должни да одиме по патот кој за нас го изоди самиот Спасител, за да го достигнеме Царството Небесно. Амин.

Беседата е прочитана на Света Литургија во соборниот храм Свети Никола, во Куманово.

 

 

https://svitok.info/

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2078
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2094
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 539
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная