логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


06.06. 2010 -  Житија и Евангелие

sv.Simeon.Divnogorec.jpg
Преподобен Симеон Столпник/Дивногорец
Роден во светот во 512г. Во Антиохија Сиријска а по молитвите на благочестивата мајка негова,Марта која  со длабока вера и искрени молитви му се обратила за помош на Св.Јован Претеча , ветувајки го својот пород  да го посвети на Бога. Светителот  услишувајки  ги усрдните молитви и  се јавува на  Марта  наговестувајки  и дека нејзината желба ќе биде услишена  оставајки и темјан во рака за да го покади домот свој. Така  и стана. Марта роди машко дете , кое според пропоштвата на Св.Јован Претеча  ќе биде голем испосник ѕа славата Божја.Во деновите кога мајкаму  користела месо и вино,бебето не сисало..и тоа  кога сисало  само од десна страна,како  што и прорекнал Светителот :тоа ке биде син на Десницата. Уште во рано детство, Симеон се украсува со строго испоснички живот.На  6 год. Возраст Симеон со помош на Св.Дух  пронаоѓа манастир ,на 7 год.го замонашуваат кога го добива својот столп и му се јавува самиот Христос..Симеон бил даруван и од Светиот Дух кој го посетил неколку пати  упатувајки го во нови подвизи и награди за Нив,окитувајки го Симеона  со дар на исцелување. Подвижничкиот живот му беше исполнет со најстрог пост, љубов кон ближњите и чести јавувања на Господа Исуса Христа .По едно такво јавување на 22 год. возраст Симеон  подига крст на камен на кој стоеа нозете  Христови во видувањето. На тоа место наречено  Дивна гора,Симеон подига манастир . Достигнувајки висок степен на  монашко совршенство , чуда творел, предвидувал   настани, беседел со Бога.Така  тој го предвидел  завземанјето на Антиохија од стр. на персијанците, го предвиде  земјотресот во Антиохија.Лекувал од  разни лошотии, воскреснувал мртви, и самиот спомен на  името на Симеон  ги ослободувало  заробените Антиохијци.Тој измолил од Бога  доволно храна и вода  за неговиот манастир.Поминувајки 68 год. на столп- И  часот  на неговото  заминување во Царство Небесно му  беше од Бога јавено,за да се опрости од братството и да се придружи на Ангелите во радоста Божја во 596 год.


СПОМЕН НА СВ.МАЧЕНИК СЕРАПИОН, И СО НЕГО КАЛИНИК,ТЕОДОР И ФАУСТ
Св.маченик Серапион родум беше од Египет. Во време кога Св.Милетиј го минуваше своето мачеништво,тој дојде од Египет  и кога го  виде  мачеништвото негово и на оние со  него, поверува и он во Христос.Поради тоа беше уапсен и фрлен во темница,каде  што Ангел Божји го постави  за епископ поради  поучување на  оние кои поверуваа и сакаа да пострадаат за Христа.Тој ден,блиските  на Милетиј, војниците и комитите  се собраа сите и гласно  изјавуваа дека и тие сите се Христијани.Тоа  го разбесни управителот  кој  нареди на Серапион  и магепсникот Калиник  да им се одсечат главите. Теодор и Фауст  со мн.други беа  спалени  а жените и децата  беа искасапени со дрвени мачеви. Така овие  Свети маченици  си ги предадоа своите души во рацете Божји.


СПОМЕН НА СВ.МАЧЕНИК МЕЛЕТИЈ СТРАТИЛАТ  И  1218 ВОЈНИЦИ  СО НЕГО
Во време на  владеење на  римскиот цар Антонин, маченикот Мелетиј беше стратилат со порекло од Галатија.Тој со  својата  војска се бореше против демоните, рушеше  незнабожечки храмови. Максимилијан –управител на  градот нареди да го уапсат и да го принудат да се поклони  и  принесе дар на нивните идоли,ама Мелетиј не сакаше ни да слушне за тоа. Потоа го мачеа со железни чекани.На крајот  го обесија  на борово дрво,го заковаа на него  со клинови  и  во тие маки  ја испушти душата маченикот  Мелетиј.Комитите Стефан и Јован и др. Војници кои  беа  со него,на  жените и децата им ги  одсекоа главите и така  сите заедно ги предадоа душите свои во Царство  небесно.
Спомен на  Преподобниот отец Никита Столпник,Перејаславски Чудотворец 
Роден во Перејаславу,во Владимирска губ. Во младоста  живееше како бунтовник  ,познат во крајот  како  разбојник,се додека 1 ден  а по Божјата  промисла не го слушна Господовото слово во кое  повикува да се запазат Неговите заповеди.Тоа го исплаши Никита и  веке следниот ден  ново чудо  го разбуди покајанието во него.Барајки  спас за  душата своја се упати во оближниот манастир на Св.Никита и  тука  по тридневно молење  пред капијата на манастирот,го  покажа на дело  покајанието и  желбата за спасение.Имено тој 3 дена седеше гол  во бара пред манастирот ,и кога го извадиле монасите не можеле да го препознаат колку бил искасан од инсектите и комарците.Во манастирот  се  подвижувал  тихувајки и  во непрестојна молитва. До црквата си подигнал столп  на кој непрестано стоел во молитва,а во црквата влегувал  по ископан канал под  зидит на црквата.За  таквите надчовечни  подвизи бил награден со  видувања ама тој не им  придавал значење  туку уште повеке се утврдувал во  подвизите.Како дар од Бога го добива  и чудотворењето и лекувањето на најтешки болести. За лјубов кон лугето тоа  не  го  прифакал како негово дело туку на Свевишниот.Својот  живот овој свет отец го заврши , кога  арамии посегнаа по 3 тешки вериги  со кои светителот непрестајно си го измачуваше телото..Измачувајки го  ,го убиваат телото несвесни дека душата  негова си ја прибра Господ при себе. По Божја промисла подоцна тие 3 вериги  ги  открива монах Симеон  како плутаат по Волга осветлени со 3 столпа  светлина.Цасните вериги подоцна се пренесени на гробот на преподобниот и  чинеа чуда и лекуваа сите што ке се допрат до нив.


ЕВАНГЕЛИЕ ЗА  06.06. 2 НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА
Еван.според Матеја
4.1   Тогаш Духот  го одведе Исус во пустината за да биде искушуван од ѓаволот.
4.2    И откако постеше 40 дни и 40 ноки , најпосле огладне
4.3    А    кога  се приближи до него искушувачот му рече„Ако си син Божји заповедај овие камења  да станат  лебови„ 
4.4    A  тој  му одговори и рече:„ Напишано  е  човек  не живее само од леб,туку  и од секој  збор  што излегува од устата на Бога.
4.5  Тогаш ѓаволот  Го одведе во Светиот град и Го постави на стреата од храмот
4.6   И Му рече :„ Ако си Син Божји,скокни долу,зашто напишано е :„На ангелите Свои  ке им  заповеда  за Тебе да Те запазат и на раце ке Те земат за да не Си ја сопнеш ногата од камен.„
4.7   А Исус му рече :„ Напишано е исто така-„Не  искушувај го Господ,Твојот Бог.„
4.8.  Потоа ѓаволот Го одведе  на многу висока планина и Му ги покажа сите  царства на светот нивната слава
4.9. И му рече:„ Сето ова ке Ти го дадам ако паднеш и ми се полкониш,
4.10 Но ,Исус  му рече : „Бегај од мене сатано,зашто е напишано: На Господ,Твојот Бог да му се поклонуваш и само Нему да му слушиш
4.11  Тогаш ѓаволот Го остави и веднаш  дојдоа ангели и му служеа  
4.12А кога Исус чи дека Јован е предаден,отиде во Галилеја  4.13 И кога го остави Назарет,дојде и се насели во Капернаум на морскиот брег во пределите  Завулонови и Нефталимови
4.14 За да се исполни кажаното преку пророкот Исаија кој вели:
4.15 Земјата Завулонова и земјата Нефталинова,на  пат кон морето,отаде Јордан е  незнабожечка  Галилеја. 4.16 Народот што седеше во мрак виде голема светлина и на оние што седеа во пределот на смртната сенка,им изгреа  светлина. 4.17 Одтогаш Исус  почна  да проповеда и да говори: „Покајте се зашто се  приближува  Царството набесно.„

Подготви. Л.А.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная