На 28.05.2021 кога го чествуваме споменот на Светиот Гаврил Светогорец, Епископот Велички во Лесновската света обител, која беше и земно живеалиште на Преподобниот Гаврил, Неговото Виокопреосвештенство Митрополитот Брегал- нички господин Иларион заедно со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски господин Агатангел и Митрополитот Тетовско-гостиварски господин Јосиф отслужија Света Архиерејска Литургија. На литургијата беседеше Митрополитот господин Агатангел, а по причетувањето на многубројниот верен народ беше благословен и празничниот леб.