Светол и мрачен крст
Егоизмот, зависта, неправедноста, лагата, богатењето и пред сè, непокајанието, односно нашето свесно и цврсто врзување за злото, творат крст на којшто ние самите себе се распнуваме, а Бог да не го сака тоа. Човечката злоба, во секој свој облик, претставува смрт и мрак. Со изборот на местото на разбојникот од левата страна, нашиот крст добива предвкус на пеколот.