Во секој случај, ќе слушнеш глас во својата душа, којшто ќе ти посочи решение. Ќе видиш светлина во тунелот, ќе видиш излез за она што те вознемирува и измачува. Што е тоа решение? Решението го означува опишаното во една кинеска поговорка: „Во животот не треба да се грижиш за две работи – за оние што се решливи, и за оние што се нерешливи“.
Ново издание од Повардарската епархија (23.01.2019)
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати книгата „Улогата на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Доситеј во возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква“. Ова ново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е авторско дело на професорот при Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“, д-р. Александар Атанасов.