Литургија (4): Благодарење
Литургијата се нарекува Евхаристија (грч. Благодарење). Благодарноста претставува суштина на нашето постоење како создадени битија. Тоа е начин на живот, на пристап и однос кон Бога, Изворот на нашето постоење. Адам требало да биде свештеник, т.е. во едно благодарно претстоење кон Бога, Нему да Му се принесува самиот, а преку себе и целиот свет. Но, тој не успеал во ова, па затоа Христос ја исправил оваа грешка со Својата мисија,