Иконата на Рождество на Пресвета Богородица
Иконата на празникот е повеќе или помалку достоверно изобразување на Протоевангелието, со композиција слична на Рождеството на нашиот Господ Исус Христос, за кое раѓањето на Марија претставувало подготовка. Ана е прилегната на кревет, слично како што самата Марија е прилегната на иконите од Христовото Рождество. Под Ана, детето Марија го измиваат бабици, исто како што детето Христос Го мие Саломија на иконата од Неговото раѓање.