СВЕТОСТА НА СПАСИЦА ВИШЕНСКА
Ако некаде во светот постои место исполнето со толку волшепство и мистичност, тоа е токму тука, во кањонот на реката Сушица, кај селото Вишни, во Струшко. Тука сè е под редено на митското и магичното. На божественото. А тоа овде зрачи од секоја карпа што високо го надвишила небото. Зрачи од нивната распукана утроба во чија темнина царуваат утките и лилјаците.