Некој ќе рече: "Јас не сум онаков каков што би требало да бидам, не разбирам ништо таму, не можам да се сконцентрирам". А ти отиди каков и да си. Еден старец кажа: "Кога ќе влезеш во парфимерија и излезеш, облеката ќе ти мириса, дури и ако тоа нема да го сакаш, дури и ако ништо не купиш." Тој кажа дека истото се случува кога одиш на Литургија.
Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица,Скопје (10.02.2019)
Од житието на Закхеј : „Светиот апостол Закхеј најпрво беше цариник и грешник, но кога Господ го виде качен на дрво во Ерихон заради Него, влезе во неговиот дом, а ова го приведе Закхеј кон покајание. Подоцна тој го придружуваше светиот апостол Петар, кој го постави за епископ на Кесарија Палестинска, каде што верно му послужи на Евангелието и мирно се упокои“.