Осветување на новоизградениот храм, на стари темели, посветен на „Покровот на Мајката Божја“, во Ново Село - Штип
По осветувањето Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, зедно со Митрополитот Брегалнички г. Иларион и свештенослужителите, отслужи Света Архиерејска Литургија и одржа содржајна пригодна беседа и повика на едниство и љубов помеѓу сите луге за престанок на случувањата во Куманово . По чинот осветувањето и литургијата, ктиторот г. Сашо Миладинов на свечен начин ја предаде новоизградената црква на МПЦ – ОА односно Брегалничка Епархија.











Што значи измирување со Бога, со ближниот и со себе во Црквата, тоа е покајание. Тоа ни недостасува, покајание, сакале тоа да си го признаеме или не. Тој што не се измирил со себе и не се спознал во слабоста своја нема да може да се измири со ближниот свој, а кој не се измирил со ближниот нема да може да се измири со Бога,...










Пред многу години го прашав мојот духовен отец, игуменот Андреј (Машков), што е тоа смирение. Јас во тоа време бев млад и неопитен и мислев дека ако добијам точен одговор, веднаш ќе ја усвојам таа добродетел, а потоа сè ќе ми оди добро. Покрај тоа, во „Лествицата“ на преподобниот Јован Лествичник најдов изрека за тоа дека смирението ги искоренува сите страсти и во мене се разгоре желба да го стекнам смирението,...


























