Св. Серафим Звездински: За бескрајната вредност на Литургијата
Човекот не сфаќа, не е свесен каква скапоценост поседува. Не е свесен за тоа, сè додека таа среќа не му се одземе. За жал, не е својствено за човекот да го цени она што без труд го добива; тој не го цени сонцето, не го цени воздухот што го дише. Но, кога ќе му се одземат сонцето и воздухот, кога мракот ќе настапи и кога ќе нема што да дише, тогаш човекот ќе сфати што поседувал и од што сега е лишен.