Децата од веронаука го чествуваат споменот на свети Василиј Велики во Водоча (14.01.2017)
Воочи празникот на свети Василиј Велики, најмалите од с. Водоча, кои ги посетуваат часовите по веронаука што со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум ги одржува о. Григориј Јакимов, ги поздравуваа жителите на селото со радосниот поздрав: Христос се роди!, и рецитираа стихира од Вечерната служба на свети Василиј Велики.