Гордана Попсимонова - Живот во минус
Наскоро ќе бидат 10 години откако сум редовен професор, 20 години откако докторирав и 30 години откако се вработив. Како што би рекол чичко Панта – се’ тече, се’ се менува, така и низ овие години се менуваше земјата во која се родив, името на улицата на која живеев, училиштето во кое учев, кафулињата во кои излегував и се сменија катрљон работи во она што се нарекува секојдневен живот.