Скопје,3-ти август 2018 - храм Рождество на Пресвета Богородица
На 3-ти август 2018 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
- Светиот пророк Езекил
На 3-ти август 2018 година, во деветата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го празнува споменот на Светиот пророк Езекил,во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, ереј Спасе Таковски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата свештеникот Ангел Сердарски направи мал петочен водосвет.
Свети Игнатиј Брјанчанинов
Причина за солзите е духовното гледање, спознанието за својата гревовност. Причина за солзите е – сиромашноста на духот: бидејќи самата по себе блаженство, таа пораѓа друго блаженство, плач, го храни, го поддржува и го јакне. „Не потекнува плачот од солзите, туку солзите од плачот “ – рекол преподобниот Јован Пророк. Кога некој од братството ја отсекува својата волја и не обрнува внимание на туѓите гревови, стекнува плач. На тој начин се собираат неговите помисли, и така собрани раѓаат во срцето тага, плач по Бог, а плачот раѓа солзи. Солзите, кои се дар Божји, служат како знак за милоста Божја. Солзите во молитва – вели Свети Исаак Сирин – се знамен на милоста Божја, со која се удостоила душата заради нејзиното покајание, и знак за тоа дека таа е примена од Бог и зачекорува во полето на чистотата низ солзи.
Преминпортал (к.т.)