Продолжува конзервацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Никола“ во с. Манастир, Мариово
Црквата „Св. Никола“ во с. Манастир, Мариово, според архитектурата претставува трикорабна базилика изградена во 1095 година, а денешниот изглед го добила во 1266 година. Црквата, во светски рамки, претставува редок пример на византиската уметност во поглед на исклучителниот архитектонски израз и уникатниот фрескоживопис.