Свети Јован Златоуст: Поука на денот (24.09.2019)
Да се покаеш не е да гледам надолу кон моите недостатоци, туку нагоре кон Божјата љубов. Не е да се погледне наназад со самопрекорување, туку напред со доверба. Не е да видам каков не успеав да бидам, туку што сè уште би можел да станам преку Благодатта Христова.






Ако некој од умор, или од душевно растројство е наклонет кон гнев, раздразливост, немир, единствено кротоста може да го смири во неговата растроеност. Опоменувајте се за Божјото присуство насекаде. Затоа, задолжително молете се наутро, во текот на денот и пред заминувањето на почивка. Задолжително постете во среда и во петок, за да не Го навредите Оној, Кој е секаде присутен.
Во посета на МАНУ престојуваше делегација на Кинеската академија на науките, предводена од нејзиниот претседател, проф. Чунли Баи. Кинеската делегација беше примена од претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити. На работниот состанок беа претставени двете академии и детално се дискутираше за можностите за идна меѓуакадемиска соработка, како и за можностите за стапување на МАНУ во членство на Меѓународната алијанса на научни организации (ANSO).
Затоа, браќа, треба да ги слушаме родителите кога не учат за Бога и не поучуваат во законот Божји, зашто само оние што ги поучуваат своите деца се вистински родители. А тие што не ги поучуваат во Божјиот закон не се родители, но губители и убијци на своите чеда. Таквите подобро да не станеле родители, како што вели и Господ Исус Христос: „Тешко и горко на оние што грешат пред своите чеда!" Родителите се должни да ги учат своите деца на Божји закон за тие да стојат в црква до отпуст затоа што само тогаш ќе имаат духовна корист и ќе добијат спасение за своите души.
За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема потполно да одговара на зборот. Но Господ не зборува само за човечката среќа, Тој зборува и за небесната радост, затоа што евангелистот, Таа што го носела Него, ја нарекува блажена. “Блажена е утробата, што те носела, и градите, од кои си се хранел”.

МОЛИТВА КОН СВЕТИОТ АНГЕЛ ПАЗИТЕЛ
Молитвата и постот ги протеруваат гревовните помисли, го спречуваат распалувањето на мозокот, го чуваат умот, го собираат од расејаност и го просветлуваат. Молитвата и постот ги бркаат нечистите духови и ги исцелуваат оние што се обземени од демоните, како што рекол Господ: „Овој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост“.
Додека бев на Машинскиот факултет, живеев во Битола, за викенд се враќав во Ресен. Имав повеќе време да правам што сакам, да излегувам, да се дружам, организирав бендови, работев по кафулиња за да си го дополнам буџетот. На Теолошки значително го сменив начинот на живот, раскажува отецот
Спаси го, Господи, и помилувај го мојот духовен отец (име),
Една стара мудра мисла вели „најтешко е да си признаен во својата авлија, во својот град, или ако си поп во својата епархија“. Нам како народ како да ни е генетски (пред)одредено секогаш повеќе да ги почитуваме и цениме резултатите на туѓите, отколку на своите. Ова непишано правило во нашето секојдневие, за жал, досега многупати и многу често ни се повторува и потврдува, но изгледа не знаеме да извлечеме поука.
„Верувам, дека Бог исто како и ние, длабоко жали за тоа што се случило. Но, ние со години го прогонуваме Бога од нашите школи, од нашите држави, од нашиот живот. И мислам, дека Бог, како вистински џентелмен, едноставно отстапи. Можеме ли да очекуваме од Бога благослов и заштита, ако притоа бараме да нè остави?“
На празникот на светиот маченик Мамант и свети Јован Постник, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков, во сослужение на Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи Божествена Литургија во манастирот „Свети архангел Михаил“, во Лесново. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. Митрополитот Брегалнички Иларион на Епископот Јаков му предаде дел од моштите на преподобен Гаврил Светогорец, Епископ Велички, што претставува голем благослов за Струмичката епархија.
По милоста Божја и по молитвите на Светиот Великомаченик Ѓорѓи Кратовски и со благослов од нашиот надлежен Архиереј, Митрополитот на Американско-Канадската Македонска Православна Епархија г. Методиј, на 8 септември 2019 лето Господово, во нашата Македонска Православна Црква-ОА “Св. Вмч Ѓорѓи Кратовски” во Фармингтон Хилс, Детроит Метро во Мичиген, САД, пристигнаа Моштите на светителот донесени од ѓаконот д-р Дејан Коруноски.
На иницијатива и со благослов на Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Касијан, Романската епархија на Долен Дунав повторно ја возобнови традицијата на донирање ранци за школи и школски прибор на деца од сиромашни семејства на почетокот од оваа година.

























