За молитвата со болка – старец Пајсиј Светогорец (11.08.2015)
Види, вознемиреноста за себе – е маловерие, а грижата за другите – е сострадание. Вистинското сострадување за човечката болка е пропратено со молитва, а по него следува божествена утеха. Затоа, моли се колку што можеш, а потоа предај сè во рацете Божји и успокој се. Зарем Бог помалку се грижи за Своето создание од тебе? Зошто ти да се грижиш?