Сите сакаме да одиме во рајот, но никој од нас не сака да умре
Сите ние теоретски говориме за спасението на душата, за рајот. Во последно време, кога светоотечките текстови во кои се зборува за очистување, обожување и сл. ни се сѐ подостапни, зборуваме теоретски, без да ги извадиме нашите срца од овоземното, световното. А под световно не нужно мислам на тоа кога на човека му е добро, или се забавува, туку на заборавањето дека нашиот престој на овој свет е привремен...