Слово на Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Тимотеј (27.09.2016)
Крстот Христов има огромна сила. На него Синот Божји, Господ Исус Христос се принесе на жртва за откуп на гревовите на сиот човечки род. Во црковните богослужбени песни, многу јасно и гласно се истакнува значењето на Чесниот и Животворен крст. Во тропарот се вели: Спаси ги Господи луѓето Твои... Со Крстот Свој заштити го Твоето жителство. Со овие зборови светата Црква, сите православни луѓе ги нарекува нејзини жители,..