Литургиска прослава на Спасовден во Драчево
На 10.06.2021 година, во спомен на Вознесението Христово, настан што се случил 40 дена по Воскресението, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на свештенослужители, отслужи Божествена Литургија во храмот„Свето Вознесение“ во населбата Драчево. На Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен дипломираниот богослов Илија Петров.