Скопје- среда, 19 јануари 2022
Богојавление во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје
На 19.1.2022 година, денот во кој Црквата го прославува Богојавлението Господово (Водици), Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Архијерејска Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. По Литургијата беше извршен Голем водосвет; потем Архиепископот, свештенството и бројниот народ се упатија кон мостот „Слобода“, кадешто Архиепископот ги освети водите на реката Вардар, положувајќи го во нив чесниот Крст.
http://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/voice-2022/