На крстот душата добива вистинска слобода (13.05.2015)
Поклоничко патување во Лесновскиот манастир (13.05.2015)
На ден 12. 05. 2015 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој е воедно и ректор на Македонската православна богословија, организираше поклоничко патување за матурантите и професорите при богословијата, при што беа посетени Лесновскиот манастир, женскиот манастир „Св. Спиридон“ кај Злетово, метох на Лесновскиот манастир и манастирот посветен на Животворниот источник на Пресвета Богородица – Балаклија во Марена,...
Поклоничко патување по првославните светињи на градот Солун и околината (13.05.2015)
Ве известуваме дека на 23 и 24 мај, храмот "Свети Николај Чудотворец" - нас. Аеродром, со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, организира поклоничко патување по првославните светињи на градот Солун и околината.
Цената на патувањето, во кое е вклучено и сместувањето со појадок е 40 евра.
Почитувајте ги нашите традиции!
Вашиот работодавец Ве испрати на работа во традиционално општество. Нормите на дипломатијата бараат од вас почит кон традициите на земјата каде што се наоѓате. Во еден од најтрагичните моменти на нашата историја, во текот на неколку дена 100 илјади тбилисци доброволно ги наведнале главите пред сечилото на џелатите, заштитувајќи го христијанскиот морал...
НИЕ МОРАМЕ ДА СЕ МОЛИМЕ ЗА СИТЕ - св. Силуан Атонски
Старецот му одговори со тага на лицето: Љубовта тоа не може да го поднесе, ние мораме да се молиме за сите".
И, ние треба да сме со натажени лица како старец Силуан за сите коментари деновиве и постојано по социјалниве мрежи.
Поука на денот: Александар Соложењицин (12.05.2015)
„ Линијата што ги разделува доброто и злото не поминува низ држави, класи, ниту политички партии, туку низ срцето на секој човек , а потоа и на сите луѓе...Дури и во срцето полно со зло, останува мал мостобран на доброто... А, и во најдоброто срце останува неискоренет, закоравен агол на злото...“
Се упокои славејот на Св. Гора,Старец Спиридон од Мала Св. Ана (11.05.2015)
Денес во утринските часови на 11.05.2015 - понеделник, се упокои славејот на Св. Гора, Старец Спиридон од Мала Св. Ана.
Роден во Солун од родители Малоазијци (Георгиос Рахонис). Ученик на Светогорската Атонијада (1968-1969) и веднаш следната година (1970) станува монах на братството од старец Герасим Имнограф во скитот Мала Св. Ана во којшто од 1998 е Старец.
Заупокоена Литургија во Куманово (11.05.2015)
Да се даде својот живот за своите ближни е најголема и највозвишена жртва која еден човек може да ја направи. Оттука, голема е и нашата обврска да им оддадеме секаква почит и никогаш да не ги заборавиме, но и да принесуваме молитви за покој на нивните души, и утеха на нивните најблиски. На богослужбата се произнесоа и молитви за побрзо закрепнување на останатите повредени полициски службеници, и утврдување на мирот во земјата.
Божествена Литургија во храмот Свето Благовештение, Скопје (10.05.2015)
Божествената Благодат бега од горделивиот и преминува кај смирениот. Оној што има високо мислење за самиот себеси, всушност е надвор од себе (безумен), бидејќи наместо да Му благодари на Бог за сите добра што му ги даде, тој Го онеправдува бидејќи за свои ги смета даровите Божји.
ИЗВЕСТУВАЊЕ за поклоничко патување (10.05.2015)
Ве известуваме дека на 23 и 24 мај, храмот "Свети Николај Чудотворец" - нас. Аеродром, со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, организира поклоничко патување по првославните светињи на градот Солун и околината. За секоја информација, контакт: отец Бобан Митевски 070/ 277-287
Последното интервју со о. Василиј (Росљаков) Оптински – убиен на Велигден, 1993
– Светото Писмо ни вели дека Бог не е Бог на мртвите, но Бог на живите. Во Бога сите сме живи. Ние Му служиме имено на Тој Бог, Кој воскресна и со воскресението ја победи смртта; во Него нема смрт, во Бога нема смрт, зашто таа постои само надвор од Бога. Затоа, сосема природно е тоа што Оптина е жива, за човекот што верува, тоа прашање воопшто не возникнува.
Осветување на новоизградениот храм, на стари темели, посветен на „Покровот на Мајката Божја“, во Ново Село - Штип
По осветувањето Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, зедно со Митрополитот Брегалнички г. Иларион и свештенослужителите, отслужи Света Архиерејска Литургија и одржа содржајна пригодна беседа и повика на едниство и љубов помеѓу сите луге за престанок на случувањата во Куманово . По чинот осветувањето и литургијата, ктиторот г. Сашо Миладинов на свечен начин ја предаде новоизградената црква на МПЦ – ОА односно Брегалничка Епархија.
Г.Г. Стефан повика на мир и човекољубие (10.05.2015)
Вчерашните случувања во Куманово, потврдија дека кога ќе заборавиме на обврските кон државата и народот, и кога партиските и лични интереси ќе ни се поважни, поинаку и не може да биде. Време е конечно да сфатиме дека eдинството треба да биде нашата најголема сила и гаранција за нашето опстојување. Господ нека ни помага да го разбереме тоа што поскоро.
Соопштение од Канцеларијата на САС на МПЦ (10.05.2015)
Во овие денови на жалост, се молиме на распнатиот и воскреснатиот Христос, да ги успокои душите на починатите чеда свои, во место светло, спокојно и мирно.
Истовремено, духовно сострадувајќи со нивните родители, сопруги, деца, роднини и пријатели, стоиме бодро и Го молиме милостивиот Господ да им испрати дух на утеха за нивните најблиски.
Во Канада 35 илјади деца не одат на училиште
Во градот Торонто се одржува најголемиот во историјата на Канада неделен штрајк на родителите.Сè започна минатата година кога за премиер на Канадската провинција Онтарио беше избрана Кетлин Вин – хомосексуалка. Таа практично веднаш објави дека од септември 2015 год., во основните училишта (таму учат деца од 4 – 13 годишна возраст) ќе биде воведена новата програма за сексуално воспитание, пишува „КП“.
Ново издание од Повардарската епархија
На почетокот од нашиот духовен живот потребно е најпрво да најдеме духовен отец - свештеник, кај кого ќе се исповедаме и со кого ќе се консултираме за сите прашања од духовниот живот: како да постиме, како да се молиме, кога и како да се причестуваме, кои книги да ги читаме итн. Ако со искреност и отворено срце пристапуваме, Бог ќе нѐ упати на вистинско место, и ако таков однос изградиме..
Меѓународна конференција посветена на дигиталните медиуми
Конференцијата е организирана под покровителство на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, а во заеднична организација на институтот „Св. Максим Грк“, Православната христијанска мрежа (OCN) и рускиот научен богословски портал „Богослов“. Во Почесниот комитет на конференцијата се Митрополитот Иларион Алфеев ...
Што значи измирување со Бога... (07.05.2015)
Што значи измирување со Бога, со ближниот и со себе во Црквата, тоа е покајание. Тоа ни недостасува, покајание, сакале тоа да си го признаеме или не. Тој што не се измирил со себе и не се спознал во слабоста своја нема да може да се измири со ближниот свој, а кој не се измирил со ближниот нема да може да се измири со Бога,...
На Саемот на книгата 2015 - Избор од изданијата на Дебарско-кичевска епархија
Денес, ви презентираме дел од богатата издавачка дејност на Дебарско-кичевска епархија