Илија Пројчевски:Единствено борбата против гревот може да ни даде можност да ја видиме вистината
Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива и гледа своите гревови. Кога ќе открие еден грев, тогаш на чуден начин тој почнува да гледа уште еден и уште еден, кои дотогаш не ги забележувал. Доволно е да ја здогледаме во себе гордоста, па таа да ни ја покаже зависта, па гневот, сребролубието и т.н.