старец Силуан Атонски: Тајната на послушанието
Таа благодат ја учи душата на секое добро и ѝ дава сила да пребива во него. Послушниот го гледа злото, но тоа не се допира до неговата душа, бидејќи со него е благодатта на Светиот Дух којашто го чува од секаков грев и тој е мирен и лесно Му се моли на Бога. Душата на послушниот ја љуби Светиот Дух и затоа тој многу брзо ќе Го познае Господа и ќе го добие дарот на срдечната молитва.