Генеза на православната догма: М-р Борче Грамбозов
Што претставува схоластицизмот и зошто нанесува штета на ‘’живата’’ методологија која ја спознаваме во текстовите на Светите Отци? Терминот схоластичка теологија произлезе од школите на манастирите, каде веќе од 9 век започнаа да се негуваат богословските науки. За да може да се учи школска теологија, требаше прво да се завршат претходни студии, наречени trivium (реторика, граматика, дијалектика) и quadrivium (аритметика, геометрија, астрономија и музика).