Вечерва (08.04.2018)
Ќе се собереме
од краиштата на сите времиња
погледи ќе си размениме
во вечер која утро ќе дочека.
Заедно
опашани со ограда
во круг околу Чесна Трпеза
љубовно заробени од Света Литургија.
Ќе се собереме
од краиштата на сите времиња
погледи ќе си размениме
во вечер која утро ќе дочека.
Заедно
опашани со ограда
во круг околу Чесна Трпеза
љубовно заробени од Света Литургија.
Пред неколку дена Го пречекавме Христос во Ерусалим, Кој како цар влезе во неговиот град, а сега пред нас мртов лежи. Му се придруживме на трпезата, јадејќи од лебот што го прекрши за нас, а сега Неговото мртво тело лежи пред нас. Ни ги изми нозете, а ние сега Го помазавме и Го погребавме.
Колку мудро и со колку едноставни и јасни зборови Господ ни ја предава чудесната паралела за мудрите и неразумните девојки. Приказна навидум обична, но каква длабочина крие. Зашто преку неа Он вешто ни ја претставил Својата невеста – Црквата, која од една страна сѐ уште е во светот, делејќи ги неговите слабости и несреќи,
Ти Кој живееш во непристапната Светлина, фатен беше од власта на темнината! Исусе, бесмртен Сине Божји, од синот на погибелта за смрт на светот покажан! Исусе, Ти Кој на сите бесплатно им се даваш, за сребреници Си продаден! Исусе, Сине Божји, спомни си за нас кога ќе дојдеш во Царството Свое!
Понудено, тешко да се одбие
лесно на дофат, не дава заобиколен пат,
распослано, подарено, она кое нè лаже
залак кој може да стегне врат.
Во светиот и велик Вторник од Страсната седмица, нa 3 април 2018 година, кога светата Црква молитвено се сеќава на Евангелското кажување за десетте девојки,во храмот на св.пророк Илија во скопската населба Аеродром отец Тино Стефковски во сослужение на ѓаконот Димко Симевски отслужи Литургија на Претходноосветени дарови.
На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.
Воскресението Христово е коренот на нашата вера! Во нашиот живот сè е насочено кон овaa сепобедна вистина. Преку тој спасоносен настан се удостоивме да учествуваме во тајната на верата, во тајната на надежта и во тајната на љубовта. Со Воскресението сè се исполни со праведност, мир и радост...3 Преку личноста на Богочовекот триумфираше животот, а смртта стана вистинска пасха, реален премин од ништожност и темнина во живот.
Состојбата на нашиот умот е критериум за нашата духовна состојба, затоа што и падот и исцелението на човекот започнуваат од него. Паднатиот ум е горд, расеан преку страстите по светот и затемнет. Исцелениот ум е смирен, собран преку молитвата во Бог и просветлен. Доколку сакаме, значи, вистински да учествуваме во Христовото Распнување, Христовото Погребение и Христовото Воскресение...
Твоите раце ме создадоа и оформија, вразум ме, и ќе се научам на Твоите заповеди.
Достојно е да те величаме,Создателе на сите,
зашто со твоите страдања имаме нестрадање,
избавени од гниење
Пасха и Светлата Седмица отсекогаш ме потсетувале на рајската радост. Дверите постојано стојат отворени во Светлата Седмица, потсетувајќи го народот Божји дека Христос за нас го отвори рајот. Ова се некои мисли за ненадејноста и блискоста рајска. Како што старец Клеопа милувал да каже, „Нека ве проголта рајот!“
1. Лазарева сабота: празник на пријателството – Даниил, Митрополит Архангелско-Холмогорски
2. За споделувањето на пасхалната радост – Игумен Нектариј Морозов
3. Велигден продолжува! – Архимандрит Даниил Аеракис
4. Православна духовност, петта лекција: Како да се подготвиме за света Причест? – Презвитер Алексеј Јанг
Ве информираме дека благодатниот оган за којшто беше најавено во јавноста дека од Ерусалим преку Софија годинава ќе биде пренесен и во Р. Македонија, се очекува да пристигне на Меѓународниот аеродром „Скопје“ на 07.04.2018 г., во периодот меѓу 19.30 – 20.00 часот. Оттаму истиот ќе биде преземен од претставници и пренесен по епархиите и храмовите низ државата.
Гревот е секогаш престап против љубовта кон Отецот. Тој се покажува како наше оддалечување од Бог и потчинетост на нашата волја на страстите. Покајанието е секогаш поврзано со воздржувањето од гревовните поттикнувања. И надвор од христијанството се води борба против некои страсти; и во хуманизмот можеме да најдеме совладување на овој или оној порок;
Секој од нас е Јуда штом го прифати концептот на паднатиот свет граден врз сластољубие, среброљубие и славољубие. Но, да не се обесхрабруваме во Тајната вечера - Литургијата ни се дава можност да бидеме причесници и учесници во вечниот живот преку покајанието.
Обновувајќи се со 'духот на својот ум' (Еф.4,23). Тоа значи, да се смени духот на умот, расположението на умот, навиките на умот; да се смени начинот на умување, начинот на мислење. Со збор: тоа значи да се преобрази и преобрати тој главен незнабожец во нас; од небог да се обрати кон Бог, од нехрист - кон Христос.
08:30 часот – Царски часови со Велика вечерна.
Околу 10:00 часот – изнесување на Светата Плаштаница. Неговото Блаженство ќе богослужи во храмот „Преподобна Параскева (Петка)“ – н. Црниче.
18:00 часот – Оплакување на Спасителот Господ Исус Христос. Неговото Блаженство ќе богослужи во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје.
Откако беше продаден и предаден за триесет сребреника од својот пријател и ученик, најнапред Го одведоа кај Ана првосвештеникот, кој Го испратил кај Кајафа, каде што бил плукан и удиран по образите, а воедно и исмејуван и навредуван, и каде што ги слушал зборовите: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?” (Матеј 26, 68). Таму дошле и лажните сведоци кои Го клеветеле, бидејќи беше рекол: „Урнете го овој храм и за три дена пак ќе го изградам”,
Вистинската Мудрост Божја, тајно водејќи ги пријателите Свои, им подготвува душехранлива трпеза и за верните ја полни чашата на бесмртноста. Да пристапиме набожно и да повикаме: Христос, нашиот Бог славно се прослави.
И божествениот Макариј говориː „Како што виното оди во сите делови на телото на оној што го пие, и е виното во него и тој во виното, така и оној кој ја пие Христовата Крв – се напојува со Духот на Божеството, се разлева по целата душа, и сета душа е во него и, откако ќе се освети на тој начин, - станува достојна за Христа Господа. Зашто и апостолот говориː ,Сите сме со еден Дух напоени’ (1. Кор. 12, 13).
...следно е улогата на судија - Понтиј Пилат т.е. се прогласуваме за невини за крвта и солзите што сме ги пролеале од другиот. И сето ова оти очите ни натежнале и не сме останале будни и не се молиме при внатрешната борба. Ако не беше Христос да нѐ поучи, кој ќе ни покажеше како треба.
"...љубовта - Христос, никогаш не престанува!" - Никогаш не се откажал од нас!