Ф. М. Достоевски: Поука
" Во животот на прво место биди човек ,
а после биди што сакаш "
" Во животот на прво место биди човек ,
а после биди што сакаш "
" Речиси секој грев
се случува заради нашето
самоугодување ,
а потоа се искоренува со страдање или тага ,
волно или неволно ,
под дејство на покајание
или некоја друга несреќа ,
Благодатно дело е да се хранат гулабите и другите птици.
Тоа е многу корисно и многу важно - да се хранат гулаби.
Гулабите се молат за умрените луѓе: кога тие колваат леб или зрно - тоа се метании за упокоениот,
доаѓа до очистување на гревовите, затоа, колку повеќе гулаби, толку повеќе метании.
Оние кои ќе им пријдат на страдалниците природно
Му се приближуваат на Бог,
зашто Бог е секогаш
покрај своите чеда
кои страдаат.
Има ли нешто побезумно од тоа, од патниците да го чуете одговорот: Не знаеме ни од каде и на каде патуваме. Навистина, добро е кажано за таквите патници: Темен е патот на синовите човечки (Псал. 34, 6). Каква корист имаат патниците од сето знаење, ако не знаат од каде и на каде патуваат? Не е ли празно и смешно сето нивно останато знаење?
Да, вистина е, јас ја сретнав јуродивата (лудата) заради Христа, Тарсо. Всушност, јас поминав извесно време со неа во неколку прилики.
Кога имав 10 или 11 години го читав житието на света Ксенија, исто така јуродива заради Христа. Бев толку поучен и ми се разви посебен интерес за подвигот на јуродството заради Христа. Па така, кога имав 13 години, имав некоја идеа за тоа, што значи да се практикува ваков подвиг.
Потребно било некое моќно средство, за да те врати од погибелниот пат. Господ бил принуден тоа средство да ти го прати во вид на болест. Затоа немој да негодуваш на Бога, не бегај со духот, но благодари Му на Бога за милоста кон тебе и грижата за твоето спасение. Во Зборовите Божји (Светото Писмо) се вели: „Господ го сака секого, иако го кара, и го подучува секој син што го прима“. И така ти си му мил на Бога, не навредувај Го со својата неблагодарност и нарушување на Неговите свети заповеди.
Несовршениот, злобниот, незадоволниот човек е агресивен и затоа чувствува несигурност, чувствува дека верата му е во опасност. Зошто твојата вера да е во опасност? Ти дали си Му адвокат на Бога? Ти ли ќе Го заштитуваш Бога?
Заминал на планината Олимп и со голема ревност го продолжил подвигот. Најпрво се населил во една пештера, која е зачувана и денес. Но многуте тешкотии, гонења, клевети го принудиле да го напушти саканиот Олимп и да отиде на југ на планината Пилио, каде што изградил манастир на Света Троица (Сурвија). Подоцна се вратил на Олимп и во 1542 го изградил првиот манастир, исто така во чест на Света Троица, кој и до денес е зачуван.
Грубоста често се кае, пријатноста никогаш.
Онаму кадешто недостасуваат луѓе, треба ние самите да бидеме луѓе.
Една грешка дебела колку влакно од целта може да одвлече стотици километри.
Давај така како што би сакал да добиваш, примај така како што би сакал да даваш.
Е да, шега е, но никој последовател на Христа, не може да има во срцето дури ни најпроста помисла дека постои човек кој ќе биде одделен од Бога, па макар и тој да е најлошиот на светот, најголемиот еретик и најголемиот богохулник кој постоел на земјата. Ние сме должни да се молиме за сите да Го познаат Бога во Светиот Дух и сите да го достигнат единството на верата и познанието на Светиот Дух.
Света блажена Ксенија е родена во првата половина на XVIII век од благочестиви и благородни родители; нејзиниот татко го викаа Григориј, а името на мајка и` е непознато. По полнолетството Ксенија Григориевна стапи во брак со судски пејач, полковник Андреј Фјодорович Петров и живееше со сопругот во Санкт-Петербург. Но, Господ не и` даде долго на младата да биде заедно со сопругот во животот, ангелот на смртта ги одвои: Андреј Фјодорович го заврши животот и ја остави Ксенија Григориевна вдовица на 26 години од нејзиниот живот.
Птиците гнезда имаат,
а лисиците дувла свои,
човекот од копнеж поттикнат
трага по домови небесни.
Радувај се светла Христова гулабице!
На 1 февруари 2019 година, по повод 10-годишнината од востоличувањето на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, Поглаварот на Руската Православна Црква заедно со поглаварите и претставниците на помесните Православни Цркви и членовите на Светиот Архиерејски Синод на РПЦ, отслужи Божествена Литургија во соборната црква на Христос Спасителот во Москва.
Сепак, онаква каква што таа денес е интонирана, не ослободува, туку заробува, стеснува, осиромашува. Човекот започна да се занимава со "стариот" и "новиот" календар, со епископските сплетки или со побожноста од книгите. Духовноста започна да се сфаќа како обврска да се читаат таму некои црни, осиромашени книги полни со реторика во страв, секакви брошурички за чудата и чудотворните икони, разноразни сомнителни "попски приказни", и за сето тоа време се разработуваат „побожни„ теми. Наместо да го учи...
Ава Макариј раскажувал:
Еднаш минувајќи низ пустината, најдов череп од некој мртовец, фрлен на земјата. Кога го удрив со палмино стапче тој нешто ми проговори. Го запрашав: "Кој си ти?" Черепот ми одговори: "Бев главен жрец на идолите и на паганите што живееја на ова место. А ти си Макариј - духоносецот? Ти, сожалувајќи се над настраданите во маки, кога ќе почнеш да се молиш за нив тие чувствуваат некаква радост!" Го прашав: "Каква е таа радост и какви се тие маки? "
Човек третпат се раѓа кога ќе научи да ја цени тишината, да молчи, а тоа значи – и да слуша. Да го слуша Другиот што говори, а не со свој говор да го „препокрива“ туѓиот, надвикувајќи се.
Дури и атеистите ќе се замислат над зборовите на свети Јован Лествичник по истово прашање, кој тврди дека многузборливоста е престол на суетата: „Многузборливоста е знак на незнаење, капија на озборувањето,...
Ете зошто светите отци и Господ ни забрануваат да тежнееме кон возвишена состојба на духот. Целиот наш внатрешен подвиг треба да се сосредоточи на покајание и на сè што води кон покајание, а Божјото ќе си дојде само од себе кога местото во нас ќе биде – чисто и ако сака Господ. Ако подвижникот нема искрено чувство на грев и нема смирено срце, тој сигурно паднал во прелест, Особено тој што се наоѓа во молитвен подвиг, должен
Во она време пристапи кон Исус еден од книжниците, кој ги слушаше како се препираат садукеите со Него и увиде дека Исус им одговараше добро, па Го запраша: „Која е прва од сите заповеди?“ А Исус му одговори: „Прва од сите заповеди е: ,Чуј Израиле! Господ, Бог наш, е еден Господ. Затоа возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа, и со сиот свој разум, и со сета своја сила!’ Тоа е првата заповед. А втората е слична на неа: ,Возљуби го својот ближен како себеси!’ Друга заповед, поголема од овие, нема.
На 04.02.2019 година, на денот кога го прославуваме споменот на светиот апостол Тимотеј и на преп. мч. Анастасиј Персиец, а по повод именденот на нашиот архиереј и духовен водач, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј,