Нови јуродиви подвижници- Житие на светиот и Блажен Теофил Киевски
Ожесточената мајка го грабнала бебето и отишла самата да го удави. Го фрлила пред воденичкото тркало, но тркалото сопрело, и бебето испливало. Слугинката која го гледала сето тоа му кажала на таткото, и тој го испратил синот кај некои добри соседи. А кога умрел таткото, Тома го испратиле на воспитување во Братскиот манастир во областа Подол. Таму се описменил и примил монашки чин. Живеел во Киево-печерската лавра и во Китаевата пустина.