Св. Теофан Затворник - Три слова за носење на крстот (3)
Ако си се очистил од страстите, принеси се на Бога, како чиста и непорочна жртва, каква што прилега Нему Пречистиот. Погледни кон Голгота. Таму крстот на благоразумниот разбојник е крст на очистување од страстите, а Крстот Господов е крст на чиста и непорочна жртва. Тоа е плодот на преданоста на Божјата љубов која е безпрекорна, целосна и безвозвратна. Кој Го одведе и Го прикова на крст нашиот Спасител? - Преданоста! Во Гетсиманската градина нашиот Господ Исус Христос се молеше