Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024
Вистина непоколеблива имајќи во срцата ваши
Агатоподе и Теодуле,
познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,
а верата во Љубовта го отвора пaтот до вечноста.
Христос Господ кој ве приведе кон такво познание,






Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,
"Видите ли некој да озборува, да сплеткари, да оцрнува некого, тој нема ништо со Христос.
На 12.4.2024 година, во четвртиот петок од Великиот пост, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во Архиепископскиот Соборен храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје, зеде молитвено учество во читањето на Акатистот кон Пресвета Богородица. По читањето на истиот, следуваше благословување на Петолебието.
Достоен си старче премудри о Ипатие,
Човекот е создаден за радост и блаженство на царството Божјо (Мт. 25:21). Првенствено Божјиот план за создавање на човекот не содржел болка, страдање и смрт, туку екстатичност и полнота на животот. Бог слободно и со љубов избира да му даде на човекот и на целото создание учество по благодат во
Кој е белегот за тоа дека нашата молитва е услишена? – Кога за време на молитвата не нѐ вознемирува никакво сомневање и кога надежта на нашата молитва не бива ослабувана од неочекување на она за што се молиме, како и кога за време на самата молитва чувствуваме дека веќе сме го примиле она за што сме се молеле, тогаш не треба да се сомневаме дека нашите молитви навистина се услишени.
Мислам дека не можат да бидат опфатени сите видови на молитви, без скрушеност на срцето, без чистота на душата и без просветување од Светиот Дух. Нив ги има толку, колку што во една душа или во повеќе души може да има состојби и расположби. Според тоа, колку напреднал умот во чистотата и според квалитетот на состојбата, во која се наоѓа одвреме – навреме и се издигнува кон Бога, во сите тие мигови душата се преобразува.
Преданието вели дека домот на света Лидија бил првиот европски храм во кој проповедале апостол Павле и евангелистот Лука. По примерот на светителката Христовата вера ја примиле многу македонци во Филипи и околината. Таа е основоположник и на црквата во Тиатар, една од седумте азиски цркви според Јовановото Откровение.
На 5.4.2024 година, во третиот петок од Великиот пост, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во Архиепископскиот Соборен храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје, зеде молитвено учество во читањето на Акатистот кон Пресвета Богородица. По читањето на истиот, следуваше благословување на Петолебието.
Нека се веслат небесата и нека се радува земјата, зашто Совечниот, собеспочетен, и Сопрестолен Син на Отецот, поради Својата милост и човекољубие, се понижи, по благоволение и совет на Отецот, се всели во девствената утроба, од Духот предочистена.
Празникот Благовештение на Богородица е воедно и Господов и Богородичен празник. Господов е бидејќи се однесува на Христа Господа, Којшто беше зачнат во утробата на Богородица, а Богородичен е бидејќи се однесува на онаа личност којашто придонесе во зачнувањето и вочовечувањето на Логосот Божји, т. е. се однесува на Пресвета Богородица.
Некогаш во сетилниот Рај човекот се оддели од Бога, а овде во Црквата, преку Богородица, тој се соединува со Него. Некогаш змијата ѝ шепотеше на Ева, на грев наведувајќи ја, а еве, сега, Архангелот Гавриил, со блага вест Дева ја поздравува, соопштувајќи ѝ за Овоплотувањето кое во неа треба да се изврши.



























