Старец Георгиј Капсанис: Во Црквата се обожува човекот
Оние што сакаат да се соединат со Христа, и преку Исуса Христа со Бог Отецот, знаат дека тоа соединување станува во Телото Христово кое е нашата Света православна црква. Тоа соединување не е со Божјата суштина, туку со Христовата обожена човечка природа. Соединувањето со Христос не е само надворешно, ниту просто етичко.