Отец Георгиj Калчу - „НАШИТЕ ЖИВОТИ НЕ ЗАВРШУВААТ СО СМРТ, ТУКУ СО ВОСКРЕСЕНИЕ“
Ако еден предмет се скрши, ако едно парче дрво се скрши, тие тешко се поправаат. Но ако душата се „скрши“, да знаете дека таа се поправа. Душата пупи така како што едно мало дрвце пушта пупки напролет, како што се појавуваат пупки на една скршена гранка. Така, полека, полека пупи душата. Полека, полека се опоравивме, и несомнено, велам, станавме подобри.