Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)
Исто така, и повеќето христијани, на почетокот од духовниот живот, со помош на првата благодат, ја очистуваат енергијата на својот ум, но не успеваат да продолжат по патот на духовниот развој – и поради неодлучната борба со своите страсти, и поради погрешната мисловна религиозно-општествена шема што ја усвоиле и на која се програмирани, без да се свесни за тоа.
Значи, покрај личните гревовни шеми што ни ги всадува моделот на живот што овој свет ни го наметнува, меѓу христијаните