Архимандрит Рафаил Карелин: Молитвата – највозвишеното дело на човекот
Вториот вид е лажната молитва. Човекот Го лаже Бога, оди по лесниот пат и ја чита или изговара молитвата не водејќи сметка за вниманието. Тој не сфаќа пред Кого стои, што прави, со Кого разговара, се преправа дека се моли, а потоа толку се навикнува на ова лицемерие што веќе не го ни забележува. За таквата лажна, мрзлива молитва Пророк Јеремија пекол: „Нека е проклет секој, кој немарно го извршува делото на Господа...“ (Јерем. 48, 10).