Св. Григориј Богослов- Пастирството
Да го управуваш човекот, најпаметното и променливо животно, е искуство над искуствата и наука над науките. Во тоа може секој да се увери, ако го спореди лекувањето на душите со лекувањето на телата – ќе се убеди колку тешко е последното и ќе разбере колку потешко е нашето лекување, истовремено и попретпочитано по карактерот на болеста, по силата на знаењето и по целта на лекувањето.