Епископ Јаков Полјански: „Денес дојде спасението на овој дом“
Многупати сум говорел дека живееме во карактеристично време. Не ги сакаме фанатизмот и апокалиптичниот дух во Црквата, ниту пак, да говориме дека живееме во последните времиња. За оној што живее во Христос и со Христос секогаш е последно време, зашто гледа на овој живот од перспектива на вечноста. Во секој случај, не можеме да ја пренебрегнеме рамнодушноста што нѐ опкружува, рамнодушноста кон Синот Божји, рамнодушноста кон Светата Литургија на Црквата, рамнодушноста кон сѐ што е Христово.