Ретроспектива (2005-2020):НЕБЕСНИТЕ ЧУДА НА СВЕТИ НИКОЛАЈ (I-III)
Во Цариград живееше еден човек, по име Николај, којшто се издржуваше од ракоделие. Побожен, тој се беше заветувал деновите посветени на празнувањето на свети Николај Чудотворец да ги празнува вистински прославувајќи го овој угодник Божји. Тој тоа го исполнуваше истрајно, според зборовите на Светото Писмо: Почитувај Го Господа со имотот од праведните трудови твои (Изрек. 3:9); и на тоа секогаш цврсто се сеќаваше. Така тој достигна длабока старост и, немајќи повеќе сила да работи, западна во голема немаштија.