Грчките интелектуалци не гледаат со негирање на МПЦ
- Односот со професорите на факултетот е топол, срдечен и неверојатно отворен, нешто што, морам да признаам, е карактеристично во интелектуалните кругови помеѓу научниците, кои не познаваат националност или некои други социјални фактори. Фактот што доаѓам од Македонија нималку не беше чувствителен. Помеѓу моите пријатели и колеги од Грција нема никакви етнички пречки. Напротив, има постојано пријателство и напредување во научниот сегмент.