Радувај се Исидоре свети мачениче,
кој Божјата волја во срцето,
и умот свој ја укотви,
животот во рацете Христови го положи,
за нас застапи се свет војниче,
кои денес го празнуваме светиот твој спомен,
Тешејќи ги Своите ученици, Господ им вели дека за нив е подобро Тој да се вознесе на небесата. Оти, вознесувајќи се, наместо Себе ќе им Го испрати Духот Утешител. Светиот Дух се симнал и пребива во Црквата, совршувајќи го делото Христово во секој верен христијанин. Секој христијанин е заедничар на Духот.
За симболиката на крајот на Новиот Завет ни говори Апостолот Павле: „во последните денови ќе настанат времиња тешки. Зашто луѓето ќе станат среброљупци, горди, хулители, неблагодарни, неправедни, непомирливи, клеветници, невоздржливи, непослушни, предавници, повеќе сластољупци отколку богољупци, наизглед побожни, а од силата на Бог се одрекле. И од нив одвратувај се!“ Со други зборови – ќе снема луѓе.
Гледаш ли Христос се јавува таму каде што недостасувало спасението? Многумина од болните си имале домови, исто и познати, блиски - раслабениот, вистински угнетен од секаква беда немајќи можност да добие помош однадвор, оставен во целосна самотија, добил помош од Единородениот Божји Син. Кого чекаш при бањата?
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
На 19. 05. 2019 година, во четвртата недела по Пасха, недела на раслабениот, ден кога си спомнуваме за трпението, бевме сведоци како Бог ги услиша нашите молитви и врз нас богато ја изли Својата милост.Радоста на Воскресението беше зголемена со посетата на неговото блаженство митрополитот Скопски, архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан, кој за нашиот параклис поклони дел од моштите на свети Јоаникиј Ракотински.
Со духовното миро на благодатта полеана,
Со Крст на челото обрезана, света Гликерио,
патот маченички ода на радоста постана,
душата твоја така Христа го исповеда,
о јагне Христово, о светило на Љубовта,
о ти од која миро миомирисно потече,
Моли се света маченичке, Моли се достојнославна девственичке,
моли се знамение победоносно,
Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,
о голем столбу на православието,
ревноста по Христа ја привлече благодатта,
и со неа мноштво чудеса сотвори,
о ти гласнику на Божјото слово.
На 23.5.2024 година, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан произнесе воведно слово на отворањето на научниот симпозиум ,,Првите Кирилометодиеви научни средби”, којшто се одржа на Православниот богословски факултет ,,Свети Климент Охридски”, а во соорганизација на истоимениот Факултет и на Институтот за национална историја.
Слава, глас 8.
Радувај се, свештена двоице, која нѐ озари со светлината на Богопознанието: Кириле, живоносен извору на мудроста духовна, кој ги напои словенските народи кои од жед се топеа: Методие, чесно живеалиште на молитвата! Прилежно молете се на Христа, пред Чија слава стоите, заедно со вас да Го величаме и да Го превозносиме во сите векови.
Според мојот опит, многумина кои изучуваат биологија, вклучувајќи ги професорите и авторите на учебниците, биле толку многу вовлечени во аргументите во полза на еволуцијата, што дури и не се посомневале во нив. Тие ја проповедале... Високите стандарди на образованието и обучението се изгубени. Пропагандата и стремењето кон власта го замениле стремењето кон знаењата. Образованието станало измама.
За жал, во денешно време се множат зборовите и книгите, а се намалува опитот, зашто лугето се под влијание на световниот дух, кој постојано се стреми кон леснотии и го одбегнува телесниот напор. Многумина од нас се успокојуваат преку многу читање, а малку или воопшто не творат.
Рамноапостолни учители на словенските земји,
богомудри Кириле и Методие,
Владиката на сите молете Го,
да ги утврди сите словенски народи
Најхрабри и со најцврста вера биле токму овие жени мироносици кои тргнале до крај да ги испочитуваат обичаите кои владееле во тоа време. Затоа тие и станале првенци на апостолството и први сведоци за воскресението Христово. Оваа вест, од корен го менува текст на животот на
Надминувајќи ја плотската зависност,
нозете Спасителеви ги прегрна, и по стапките Негови поита,
о Симоне, велики ревнителу, Христов ученику,
не само што чашата Негова ја испи, туку до крај и Крстот го вкуси,