Преп. Паисиј Светогорец - НОВА ГЕНЕРАЦИЈА: ИСЧЕЗНА ДУХОТ НА ПОЖРТВУВАНОСТА
Денешните луѓе, барем повеќето од нив, никогаш не ја почувствувале радоста на пожртвуваноста, зашто не го сакаат трудот. Завладеала мрзеливоста, удобноста, изобилието на олеснувањето. Исчезнала грижливоста, пожртвуваноста. За успех се смета кога човек ќе постигне нешто без труд, кога му е удобно. Нема ли удобност, нема радост. Но, кога кон сѐ би се поставиле духовно, луѓето би се радувале токму на