Старец Ефрем Филотејски: “Обнови ја молитвата...“
Во животот на духовниот човек постојат денови и периоди кога тој во себе чувствува празнина, слабост на душата. Нешто недостасува и тој чувствува дека внатре во себе нешто напуштил, а не знае како да си дојде на себеси, како да ги поврати почетната сила и благодат што ги поседувала душата. Не знае како да си ја поврати полнотата што ја изгубил.