Поимот Индикт е латински збор што означува одредба, објава, која ја издаваа ромејските императори, со цел да се одреди висината на данокот од обработката на земјата, кој требало да го платат поданиците на Рим за прехранување на војската. Оваа одредба траела петнаесет години затоа што на секои петнаесет години биле отпуштани старите војници и се регрутирале нови.
Неговата душа никогаш нема мир. Тој секогаш е незадоволен – ова не е во ред, ова не е како што треба…
Но човекот кој е потполно предаден на волјата Божја може да се моли со чист ум. Неговата душа Го љуби Господа, и за него сè е пријатно и прифатливо.
Тоа е патување во Неговото Царство. Таму разбирате дека нашата вера не е само една убава идеја, туку е суштинска животна вистина. На светата Литургија присутен е Самиот Христос кој го допира нашето битие. А она што го допира Бог се преобразува во светлина. Се менува и се просветлува. Не се менуваат проблемите, туку ние. Ова е тајната што треба да ја разбереме, дека не треба да се промени нашиот живот, туку како гледаме на него и како го живееме.
Црквата во личноста на св. Јован Крстител ги гледа сите небесни доблести, сите доблести на сите Пророци, на сите Апостоли, сите Ангели небесни, сите Маченици, сите Исповедници. Зашто Претечата најпрв од сите беше испратен од Бога да Го објави доаѓањето на Спасителот во светот. Прв Го виде Светиот Дух како од небото слегува на Христа, при Неговото Крштение;
Подготвени се да газат и врз луѓе, само за да си ги остварат своите цели и болни амбиции. Не е грев човек да биде амбициозен, да се бори за успех, но не газејќи врз другите, туку само со својот квалитет, способност и знаење.
Најбитно е децата да созреат и да станат духовно здрави личности,
Радоста што ја чувствува човекот кога ќе добие материјален дар е човечка радост, а радоста што ја чувствува кога дава е божествена. Божествената радост доаѓа со давањето!
Оваа книга е богоугодно и срдечно автобиографско раскажување на еден богослов и теолог, кој го всели Бог и Божјата љубов во своето срце уште од своето детство, та во секој момент оттогаш го слави и го шири Словото на Живиот Бог . Во овие негови лични записи и дневник на случувања,
За светиот Фануриј, прекрасeн Господов подвижник и непобедлив маченик,
не знаеме од каде доаѓа, ниту кои му биле родители, ни пак знаеме во кое време живеел,
а не може ни точно да се определи во време на кој владетел пострадал.
Неговото житие се изгубило.
Затоа што, иако апостолите беа учесници во толку голема благодат, тие сите се откажаа од Христос, а еден од нив и Го предаде. Ваков пад, од таква духовна висина, е речиси невозможно да му се случи на носителот на редовната благодат. Тоа е главната разлика и последица помеѓу двата вида на благодат.
Многупати се чувствуваме несреќни, не затоа што доживуваме несреќа, туку затоа што не добиваме признание од другите! Не дозволувајте мислењето на другите да влијае на вас толку многу што ќе стане црв во вашиот живот. Луѓето секогаш ќе зборуваат површно и непромислено, донесувајќи лесни заклучоци.
Огромен број несреќни бракови произлегуваат токму поради тоа - секој партнер се смета себе за сопственик на саканата личност. Тоа е причина за речиси сите тешкотии во брачниот живот. Најголемата мудрост во бракот се покажува во давањето целосна слобода на личноста што ја