За смислата на искушенијата – II дел
Еден канадски поет вели: „Ме убива, не планината што ја гледам пред себе, туку камчето во мојот чевел“. Така е. Тоа е нашата тешкотија. Сака да каже дека тешкотијата не е во планината што ја гледаш и ја сметаш за висока и недостапна, туку се наоѓа во тебе самиот. Затоа треба да сфатиме дека испитанието не се наоѓа во она што го среќаваме околу нас, туку длабоко во нас.