Акатист кон Пречистата и молбен апел , Бигорски манастир (03.03.2017)
Безброј се причините поради кои светата Црква Христова непрестајно ја воспева, слави и ѝ благодари на Мајката на нашиот Бог, но овие особено благодатни и боговдахновени пофалби кон Пресвета Богородица изникнале од едно чудесно сведоштво за нејзината небесна помош и будна мајчинска грижа, со која во последен миг беше спасена царската престолнина, богочуваниот град Константинопол.