Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)
Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани. Некој кој го загрозува нивното славољубие и нивното високо мислење за самите нив. Тоа е комплексот на мува. Од целото цветно поле, ќе застане на некоја валканица. Не гледаат што е добро, не гледаат нешто да научат, туку го следат оној во кого лоцирале опасност и будно бараат негова грешка за да го осудат и да прераскажуваат.